Враќајте се од соблекувална дечки, има уште 1 минута

Од сите досегашните ВАР одлуки во фудбалот, оваа е најјака. Не е за спорен гол, пенал или црвен картон, туку опомена до судијата дека прерано свирнал крај, па ги враќаше играчите од соблекувална. И тоа ова се случува во првата шпанска лига.

Циркузантската сцена се случи на дуелот Севиља - Гранада 2:1, инаку многу важна победа за домаќините во битката за титула.

Што се случи? Судијата досуди 4 минути продолженија, но неочекувано свирна крај 1 минута порано, превид за кој доби повик од ВАР собата дека прерано се фатил за свирче.

Дел од играчите веќе се упатија во соблекувална, дел се раскомотија и ги соблекоа копачките на терен, но судијата ги викна назад да го доиграат мечот. Смешки.

Инаку во битката за врвот во Шпанија е тесно како никогаш до сега. Барса синоќа го совлада Виљареал, а Атлетико Мадрид загуби од Атлетик Билбао, па ситуацијата е следна:

26 април 2021 - 09:32