Да го пратиме Блаже на Тибет!

Пред сите нас се пружа уникатна историска шанса: можеме на Тибет да пратиме еден струмичанец а од таму да ни се врати Александар Македонски! Еве за што се работи:

Намасте Македонијо!

Тој се вика Блаже Аризанов и се труди да не зборува струмички за да го разбереме и ние од остатокот на Македoнија. 

Блаже од пред три години се наоѓа во Индија каде што му се случила комплетна трансформација (вика, од темнина во светлина).

Тој почнал да пишува книга за своите искуства, низ ликот на Александар Македонски, ама за да ја заврши книгата, редно е да отиде и на Тибет.

Потребни му се само 1.000 евра од кои моментално има нула. Ако ни е драг Александар (а како не ни е?), ако ни е симпатичен Блаже (а скроз!), ние ќе ги собереме тие пусти пари и така ќе ја комплетираме приказната која нам уште сега ни изгледа толку интересна што ветуваме дека со мерак ќе ја рецензираме.

Целата приказна на нашиот Блаже и местото на кое можете вистински да му помогнете се наоѓа ТУКА.

п.с. Блаже, исправи бе тоа рамката, полудев!

 

8 мај 2014 - 12:39