Во МЛС се повтори најлудачкиот гол во кариерата на Ибрахимовиќ

Да, изгледаше невозможно дека ќе го видиме пак, ама ете го, тој е или барем најблиску е до него. Антологискиот еврогол на Златан од 2012-ра против Англија во нова верзија. САД е во транс.

Авторот кој се прослави и кој денеска ќе може да се гордее со компарацијата со Златан Ибрахимовиќ е Даирон Асприља од Колумбија кој има 29 години.

Го постигна за својот тим Портланд Тимберс кој славеше на мечот против Сан Хозе Ертквејкс со 2:0.

Голманот киксна, Асприља си ја намести сам и го постигна голот на сезоната во САД и еден од најјаките во историјата на американскиот фудбал. Коментаторот ќе останеше без глас.

Фотографија за постер

А некои сметаат дека треба да биде новото лого на МЛС лигата.

Да се потсетиме на Златан кој го даде од уште подалеку.

Втор гол кој денеска го споредуваат со шведската легенда. Првиот е на Ливерпул.

28 октомври 2021 - 10:31