Таг: ножички

Во живот не сме виделе вакви ножички како овие на африканското дерби

Секоја чест на Ибра, Руни, Роналдо и сите други играчи, а ги има многу, кои демонстрирале велемајсторски ножички. Ама овие се нешто посебно и поразлично од сè што сме виделе до сега. Врвна мангупарија која веднаш треба да влезе во бележникот на ФИФА. Сам си ги намести батето. Не е нормален. Па дури и се повреди од што му беше нестварна акробацијава.

Го имаме ли голот на сезоната во Серија А?

Џенова и Монца одиграа ефикасен натпревар кој заврши 2:3, а мајсторлукот каков што би го посакал секој играч на планетава барем еднаш во кариерата, го има Дани Мота. Спектакуларна акробација за сите пари.

Кам бек на фудбалот на Градски со еврогол на Работнички

По долга пауза од 6-7 месеци, се вратија фудбалските настани на нашето најубаво здание кое доста зорт виде со одржување. Работнички ја совлада Брегалница 2:0 во 21. коло од домашното првенство. Мечот го разубави Камерунецот Аиме Гандо на акробатски начин.

Не се гледа секој ден ваков еврогол во балон во Скопје

Сме имале долга низа на голчишта на сајт, снимени во разно разни балони низ светот, ама јакото е кога ќе видиш вакво нешто кај нас. Безбедносна камера во еден од скопските балони, улови мајсторија кој му припаѓа на новинарот на Тв Шења, Енис Муртези, инаку навивач на Лацио.

Кога ќе ти успее слободен удар со другарите, никогаш виден во професионален фудбал

Премиер Лига, Бундес, Серија А, Ла Лига, Лига на шампиони, Светско, Европско. Никој, никаде и никогаш не искомбинирал вакво нешто од прекин. Погледнете ја радоста на цел тим. Прајслес.

Норвешка во историја нема видено ваков чудесен еврогол

Ако некој фати да прави топ 10 листа на најатрактивни голови со ножички, нека избере девет и нека ја остави празна позицијата број 1. Таа без конкуренција му припаѓа на 23 годишниот Камерунец од Бодо Глимт, Фарис Пеми Мумбања. Ја реализираше во полуфиналето од Норвешкиот Куп против Валеренга, кој Бодо Глимт го доби на гости со 2:4. Страшна акробативна мајсторија.

Португалија веќе го има кандидатот за гол на сезоната

Есторил прими 5 парчиња од Жил Висенте и загуби со 5:3, ама затоа ја има атракцијата на колото, неделата и месецот, која сигурно ќе влезе во најтесна конкуренција за најдобар гол сезонава во португалскиот шампионат.

Акробација ипол во младинските квалификации

Паралелно со квалификациите за ЕП 2024, се играат и квалификациски дуели во У-21. По триумфот над Шведска на гости, нашите загубија дома од Холандија. За гол број 1 во таа конкуренција го прогласуваме оној на Николас Мучи од Швајцарија. Страшен потег на малиот.

Специјалистот за ножички се наоѓа на Маурициус

Јунакот на сезоната се вика Орелиен Франсоа, а зошто го нарекуваме јунак и специјалист за ножички? Затоа што со помош на славната акробација постигна два комада на два меча по ред, нешто невидено до сега. Му успеа на две островски битка, против Мадагаскар и Сејшели.

Ибра да види како го имитираат во Босна

И тоа велемајсторов им игра во трета лига, што е скроз нелогично кога ќе го видите ова ремек дело.

Во бразилска втора лига падна гол каков што Пеле нема дадено

Анселмо Рамон од второлигашот ЦРБ се истакна со страшна завршница искомбинирана од слободен, каква што ретко се случува во фудбалот. Бразилците се едногласни за Пушкаш наградата. Не може ова секој од косо.

Ај па да го видиме мајсторов на подиум за Пушкаш наградата

Чудесијата од гол ни доаѓа од нисколигашкиот фудбал во Боливија. ФИФА бери памет. Ова мора да се награди некако.

Секој голман би посакал барем еднаш ваква радост во напад

Екипите не ви значат ништо, бидејќи во прашање е третолигашки фудбал во Норвешка. Поентата е да видите што направи јунаков во 95-та минута за израмнување.

Не планирав ножички, сама ми се намести

Мајсторот се презива Дел Прете што во превод значи поп. И да сакаше не можеше да најде поатрактивен начин за 3 бода на Естудијантес во Копа Либертадорес. Погледнете како го реши отпадокот кој стигна до него.

Израелскиот Кристијано Роналдо

Ако некои ножички уште долго ќе ни останат во сеќавање, тоа сигурно се оние на Роналдо против Јуве во ЛШ. Ги реализираше без никакво смирување или местење, туку како проектил на прва. Вака нешто, како во израелската втора лига. Многу јако изведено.

Мексиканско акробациско шоу

Бразилецот Хозе Рожерио де Оливеира Мело му покажа на Ибрахимовиќ дека и тој може да си ја намести од далеку како него и да го изведе најатрактивниот потег во фудбалот. Се работи за мечот Пумас - Толука во мексиканското првенство. Уживајте.

Голчиштето број 1 во квалификациите го постигна Луксембург

Жерсон Родригез од Троја е јунакот меѓу синоќешните стрелци во мундијалските квалификации. Луксембург славеше 1:3 на гостувањето против Азербејџан, а тој изрежира велемајсторија за најавните шпици.

Во втора португалска лига со очи не виделе ваква мајсторија

Мечот е Академика - Национал, а јунакот кој ќе се фали по другари дека дал сличен еврогол како оној на Роналдо во ЛШ против Јуве, се вика Фабио Фортес. Аплаузи за дечково. Имаше најпрофи реакција што може да постои.

Во МЛС се повтори најлудачкиот гол во кариерата на Ибрахимовиќ

Да, изгледаше невозможно дека ќе го видиме пак, ама ете го, тој е или барем најблиску е до него. Антологискиот еврогол на Златан од 2012-ра против Англија во нова верзија. САД е во транс.

Шоу во Копа Либертадорес и лудило од гол кој мора да отстои на најавни шпици

Атлетико Миниеро ја декласираше Ривер Плејт со 3:0 во реванш четвртфиналето од Копа Либертаторес. Натпреварот беше спектакуларен со три прекрасни голови од кои едниот е ремек дело кое се прави еднаш во кариера.

Мајсторија од ножички за асистенција

Норич со 5-0 го совлада Гилингем во една од последните средби од подготовките за новата сезона. Едниот од головите падна по врвна асистенција која не се гледа секој ден.

Чичо да ви покаже една Пеле мајсторија

Бразилецот Артур Кабрал од Базел синоќа против Партизани во квалификациите на Конференциската лига, изведе велемајсторија по која ние немаме што повеќе да додадеме, освен да ја изгледаме едно 5-6 пати.

Супер гол со ножички каков се дава еднаш во кариера

Со двата гола на најголемиот талент од Бундеслига Саша Калајџиќ, Австрија водеше 0-1 па 1-2 против Шкотска, ама домаќините стигнаа до голем бод после ножичките на Џон МекГин.

10 години од епските ножички на Руни

Нема навивач на Манчестер Јунајтед кој ќе го заборави ова ремек дело, ама нема да има таков ниту од Манчестер Сити. Ептен мајсторски и ептен врвно изведено, плус во градско дерби. Дами и господа, акробацијата на Вејн Руни од сите агли.