Таг: ножички

Ни Нејмар, ни Мбапе, еврогол на месецот има играч на Брест

Во раната фаза на францускиот Куп, Брест губеше 0-1 од Роде, ама со два гола во 1 минута направи пресврт и се пласираше понатаму. Погледне го голот на Стив Муние за израмнување.

Висока му ја нафрли, инаку ќе ја дадеше

Тоа е таа маестрална и пред сè многу динамична акција во која ќе забележите дека шпицот сам ја побара на ножички.

Голманот на Монпеље му спречи еврогол на Курзава

ПСЖ го намачка Монпеље со 4:0 и тоа со три постигнати гола од 60-та до 63-та минуа. Погледнете што се случуваше во 69-та. Бекот Курзава ќе се прославеше со голчиште за најавни шпици, но голманот само ја пипна со прсти топката доволно за да ја расипе забавата.

Прејак еврогол во бразилска Серија Б

Во 32. коло од бразилската Серија Б, Хувентуде победи 2-1 против Понте Прета. Првиот гол за домаќинот, од стрелецот Рожерио слободно може да се одбере за најспектакуларен на сезоната.

Промаши спектакуларни ножички по кои следуваше чудо

На нисколигашки меч во Данска, стрелецот на голов ги надмина сите очекувања за тоа што сè може да се искомбинира во шеснаесетник по еден корнер. Потегот со ножичките му е боли глава, арно ама добро што топката удри во пречка, инаку никогаш немаше да дознаеме дека некој и ова го можел.

ФИФА, пиши таму уште еден кандидат за гол на сезоната

Џузепе Бепе Фела, Авелино - Катанѕаро (1:3), 9. коло од италијанска Серија Ц. 23 минута од мечот, ножички какви ретко се гледаат.

Велбек брате роботе

Супер интересен меч одиграа Вотфорд и Норич Сити. Гостите поведоа после буквално 3 минути фудбал, а Вотфорд на крај направи пресврт со головите на Доусон и лудоријата на Дени Велбек. Вотфорд со овие три бода има шанси да се спаси од испаѓање.

Фудбалер на Депортиво го даде најблесавиот гол на сезоната

Ла Коруња до синоќа се тресеше во борбата за опстанок во втората шпанска лига Сегунда дивизион. Некогашниот шампион и европски гигант се соочува со тешки времиња, ама имаше јунак да ги спаси.

Не се видело друг пат ваков гол на Европско

Требаше сега да се игра Европско, да пишуваме за Европско, да се сеќаваме на легендарни, луди и незаборавни моменти. Еден од тие е голот на легендата на Ливерпул Рони Велан на мечот Ирска - СССР, одигран на денешен ден на ЕП 1988.

Па ти си дечко најголемо мангупиште и без топка

Пазете ја сценава. Голман, две гајби за гол, публика под сенка и еден лик со нествари потези кои ги прави со капче. Да, со капче. Патем голманчево залудно се џитка, затоа што ликов не е нормален како ќе го заврши шоуво.

Чилената на Ривалдо против Манчестер Јунајтед

Бразилецот кој стекна огромна слава на „Камп Ноу“ во неделата наполни 48 години. Кога се спомнува неговото име, сите се сеќаваат на епските ножички против Валенсија. Ретко кој памети дека во 1998-ма и против Манчестер Јунајтед направи чилена.

Кога навивачите на Јуве му аплаудираа на Роналдо во дрес на Реал

На 3 април 2018-та падна еден од најатрактивните голови во Лига на шампиони со акробација која одеше на сите насловни страници. Во четвртфинале Јуве - Реал 0:3 и еврогол на Роналдо од кој можеш да се откачиш само ако го купиш. И потоа го купија.

Златан од Индија

Додуше Ибрахимовиќ ја офука за Шведска надвор од шеснаесет, ама па ова за индискиот фудбал е најјак гол на сезоната, па и јаче.

Секој напаѓач посакува барем еден ваков гол во кариерата

Ако може некој таму во Кувајт, зошто да не можат другите? Само треба да ти се погоди и да не бидеш Величе се разбира.

Ја спаси на гол линија, ама лудачки

Тој што стој на втора на корна не е џабе ставен и обично стои како споменик и гледа да ја расчисти со глава, нормално ако е висока. Но има вакви нинџи како овој во Израел кој го спаси својот тим од пораз и тоа во судиско.

Среќна нова со првите ножички за 2020-та

Фудбалерите на Барнли - Астон Вила 1:2 и Брајтон - Челси 1:1 уште во 13:30 се исправија на терен во новата година. Само два меча беа доволни да се одиграа годинава за да видиме атрактивен еврогол со акробација. Ремек делото е Алиреза Јаханбакш од Иран кој им зема бод на Лондоначани во 84-та минута.

Ѕверски ножички за преубав гол во 93-та минута

Монтереј, тимот кој пред неколку дена играше против Ливерпул во полуфинале на Светско клупско првенство, синоќа со 2-1 победи во дербито на мексиканската лига, во првиот меч од финалето со реванш против Клуб Америка. Мечот го реши Рожелио Фунес Мори со страшни ножички во 90+3’ минута од судиско продолжение.

А да го викне на проба некој овој?

Не би било лошо, бидејќи ова не е нормално за аматер кој плеша фудбалче со другарите по балони. Или па можеби не е аматер? Стоперот го гледаше и му аплаудираше.

Се стутка целиот и му ја даде

Порто славеше синоќа против Пакос Фереира со 2:0. Вториот гол е дело на Ѕе Луис кој изведе една многу тешка акробација за да ги направи ножичкиве. Како ли му успеа ова? Ко ќофте се собра.

Мајсторе, само ти и Златан сте до волку откачени

Романски фудбал ако не се истакне со некоја лудорија, нема друг кој, особено во пониските лики. Имаме велемајсторски ножички надвор од шеснаесетник во втората романска лига и тоа за конечни 2:3 на гостинскиот тим.

Буфон за интерниот муабет со Роналдо после лудачките ножички

3 април 2018-та. Реал го треска Јуве на гости 0:3 во четвртфиналето од ЛШ, натпревар кој ќе се памети уште долго поради епската акробација на Роналдо. Џиџи Буфон признава дека бил исфрустриран, ама и свесен дека примил неверојатен еврогол.

Школска маказа

Во првенството на Виетнам, од 4 гола на мечот Ха Нои - Кванг Нам, најубав беше првиот на гостите. Го даде Бразилецот Родриго да Силва Диаз.

Луис Суарез ала Пеле

Не е никаков проблем што не му оди на Меси со голови, кога Барселона има ваков Суарез. После пресвртот над Интер, продолжува со евроголови и против Севиља која за 8 минути попи три парчива во прво. Одиме со акбробацијата број 1 за овој викенд. Во стилот на Пеле или Марко Ван Бастен, како сакате.

Една топка, а двајца тајландски јунаци

На исто место, во место време, на ист начин. Каква е оваа случајност во која и двајцата ја коваат со ножички. И добро кој е сега стрелец тука?