Таг: ножички

Школска маказа

Во првенството на Виетнам, од 4 гола на мечот Ха Нои - Кванг Нам, најубав беше првиот на гостите. Го даде Бразилецот Родриго да Силва Диаз.

Луис Суарез ала Пеле

Не е никаков проблем што не му оди на Меси со голови, кога Барселона има ваков Суарез. После пресвртот над Интер, продолжува со евроголови и против Севиља која за 8 минути попи три парчива во прво. Одиме со акбробацијата број 1 за овој викенд. Во стилот на Пеле или Марко Ван Бастен, како сакате.

Една топка, а двајца тајландски јунаци

На исто место, во место време, на ист начин. Каква е оваа случајност во која и двајцата ја коваат со ножички. И добро кој е сега стрелец тука?

Пресврт на Торино против Милан со ножички на шашма

Со голот на Пјонтек, Милан имаше 0:1 на гостувањето против Торино, кој направи целосен пресврт со два гола на Белоти за 4 минути. На вториот ептен среќно му се наместија коцките. Ја промаши цела топка, па некако му се намести на ножички. Ретко виден гол.

Ова е повеќе карате кид отколку фудбал

Тргнете ги сите ножички кои сте ги виделе на страна. Ова е поинаква акробација за која веројатно треба еластичност и предизпозиции за некоја боречка вештина. Па дури и Ибра не може да го направи ова што ќе го видите на меч од универзитетска лига во Канада.

Вакво голчиште во Јемен немало откако им постои земјата

Додека во Европа се играат квалификации за ЕП, во Азија се борат за влез на СП 2022. Мохсен Мохамед ќе ја памети синоќешната вечер додека е жив, а богами и сите што беа на стадион. Вакво нешто не се гледа ниту во најсилните фудбалски лиги.

Како Србите ја најавија пресметката со Португалија

Србија во сабота со почеток од 20:45 на домашен терен има пресметка против селекција со која играше во група и на претходните квалификации за ЕП 2016. Ах какви спомени имаат од тој дуел. Во Лисабон тогаш загубија 2:1, ама голот што го дадоа е „тражили сте гледајте“.

Абнормални ножички во Бразил, еврогол каков што не се гледа секој ден

Во бразилската Серија А, на мечот Сеара - Фламенго (0:3) падна гол кој сигурно ќе биде кандидат за наградата Пушкаш. Џорџан Де Араскаета во 90+7’ минута, во длабоко судиско продолжение постигна велелепен гол.

Уште еден ненормален гол со ножички, овојпат од Аргентина

По апсолутно најубавиот гол од почеток на новата сезона кој го даде Аниело Салѕано од италијанска Тернана, синоќа во Аргентина падна еднакво убав. Стрелец беше Енцо Калински кој во 83’ минута ја потврди убедливата победа на Естудијантес од 3:0 над Индепендиенте.

Чекајте, застанете, го имаме голот на сезоната

Куп на Италија. Риети - Тернана конечни 1:3. Вториот гол за гостите, дело на господинот Аниело Салѕано е ЛУДОРИЈА. Л-У-Д-О-Р-И-Ј-А!

Прекраснотија од акција во два потега на Вулверхемптон

Премиер лигашот го елиминираше Пјуник од Ерменија со вкупни 8:0 во Лига Европа. Синоќа направија толку јака комбинација, да не знаеш дали да се воодушевиш повеќе на голот или на асистенцијата. Убавини.

Австрија уште во трето коло го доби голот на сезоната

Сваровски Тирол и Сент Полтен го заокружија третото коло од австриската прва лига со резултатот 1:1. Гостите израмнија преку Михаел Амбихл кој уште на старт постави високи стандарди во прогласувањето на гол на сезоната.

Каде бе дечко со таков еврогол?

Крило, не се нафрлува така, многу назад му ја даде. Е ако де. Е како ако, па како ќе ја закова со глава? Сега ќе видиш.

Оф мори мајко, Фил Џонс ќе правел макази

Ова нека биде првиот и последен обид за ножички на дефанзивецот на Манчетер Јунајтед. 600 атрактивни ножички се свртеа низ фудбалскава мапа последниве години и никој до сега не сме виделе да се удри во рака со топка. Грев.

Мексиканка на денот

Голот на годината во мексиканскиот фудбал оваа сезона, не ќе треба, туку ќе мора да го изберат од женска конкуренција, бидејќи нема да се најде Мексиканец кој ќе го изведе ова ремек дело.

Ножичките на плажа за кои зборува фудбалска Италија

Габриеле Гори е фудбалер на плажа, игра за тимот на Вијареџо и за италијанската репрезентација во фудбал на плажа. Голот кој го дал во 5. коло од Серија А меѓу Вијареџо и Катанија е сензација.

Имате ли ваква будала во друштво?

Се собрало едно друштво да плеша фудбал на вештачка трева. Едниве грешат додавање на средина терен, се вртат позади и кај другиве го гледаат Марко ван Бастен.

Ривалдо ти ли си?

Што ножички се изнагледавме и оваа и претходната сезона. Овие се спектакуларни и тешки за изведување. Приeм на рамо и дагаууууууу. Полуде и коментатор и публика и сите што гледаат фудбал во Обединети Арапски Емирати. Коментаторот го спомна Кристијано Роналдо, а нас не потсети на еден сличен еврогол на Ривалдо. Каков ВАР, апла рамо е.

Не ти требаше ова ама па како ќе ти фатевме сеир

Што ножички се изнагледавме низ годиниве во еден куп лиги, на еден куп начини. Многу маестрални акробации имаше, ама само една фалеше и еве ја си дојде на мегдан. Неповторливо.

Како први така други

Сме виделе ножички, кои веќе со години се редовна појава во фудбалот, ама не сме виделе тројца да направат еден по друг. Пазете, првиот со ножички го погоди противникот во фаца, другиот направи асистенција со ножички, а третиот ја збрца со ножички. Ваков гол сега паѓа и веќе никогаш.

Што си ти фудбалер или каратист?

Видете вака, има ножички и ножички, а овие се толку брзи и лудачки, што на прва нема да сконтате како ја изведе акробацијава. Ви го претставуваме Џејсон Џонсон од втората дивизија во САД. Стварно не е нормален.

Мајсторот од Загреб зареди со евроголови со ножички

Пред помалку од еден месец, фудбалерот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ постигна прекрасен гол со ножички. Вечерва пак на ист начин ги наполни насловните страни. Динамо му гостуваше на Интер во Запрешиќ и славеше со 0:2.

Мори што направи?

Порано вакви голови даваше само Пеле, а сега кој стигне, односно кој умее, а можат многу повеќе од тоа време. Најслатно е што ја прими на гради и сам си ја намести. Тоа се тие елементи за совршени ножички кои би требало да бидат прогласени за гол на годината во Мексико. Авторот е Габриел Фунес Мори, брат близнак на Рамиро Фунес Мори кој игра за Виљареал.

Еврогол во Хрватска, ножички на фудбалер на Динамо

Центарфорот на најголемото изненадување во Лига Европа досега сезонава и актуелен хрватски шампион Динамо, Бруно Петковиќ постигна неверојатен гол против Локомотива Загреб.