Монтереј, тимот кој пред неколку дена играше против Ливерпул во полуфинале на Светско клупско првенство, синоќа со 2-1 победи во дербито на мексиканската лига, во првиот меч од финалето со реванш против Клуб Америка. Мечот го реши Рожелио Фунес Мори со страшни ножички во 90+3’ минута од судиско продолжение.