Во исчекување на златната 500-ка

Златан Ибрахимовиќ досега во кариерата играл против 250 клубови и репрезентации. Во клупскиот фудбал постигнал 499 гола и сега го чекаат противници против кои никогаш не играл.

Конечно Ибра ќе заигра против ривали со кого никогаш претходно во долгата децениска кариера не се сретнал. Милан го чекаат Кротоне и Специја во Серија А и Црвена звезда во Лига Европа.

Во првата полусезона Ибрахимовиќ поради позитивноста на коронавирусот ги пропушти дуелите со Кротоне и Специја, но сега најверојатно ќе игра против нив и ќе има шанса да го постигне јубилејниот 500-ти гол во клупска кариера. Севкупно со се настапите за репрезентација тој има повеќе од 560 голови а 500-от во таа колона го постигна како играч на ЛА Галакси.

КОИ МУ СЕ НАЈОМИЛЕНИ РИВАЛИ?

Ако се погледне богатата кариера, Ибракадабра одиграл 20 натпревари против Рома и „волчицата“ му е најчест ривал.

17 погодоци Златан запишал и против Сент Етјен додека играше за ПСЖ и Манчестер Јунајтед, 12 против Рома и Палермо, 11 против Марсеј и Ница, 10 против Интер, Парма и Бастија.

Во дресот на Шведска, Ибра најмногу голови прославил против Малта (6) и Англија (5).

Интересно, Швеѓанецот со босанско потекло постигнал најмалку по 1 гол против екипи со кои играл најмалку 5 пати (60 такви погодоци). Ибра нема ниту еден гол на 4 меча против Република Ирска и Летонија, а не се израдувал на погодок ниту на 3 средби против Тотенхем и Селтик.

Против неговиот Милан во кариерата постигнал 2 гола на 12 дуели (двата во дерби средби како играч на Интер меѓу 2006 и 2007).

Сега против Кротоне, Специја и Црвена звезда, Ибрахимовиќ ќе го бара својот 500. јубилеен погодок во клупската кариера и прв против овие ривали со кои никогаш не се судрил.

Пред неколку дена поради дуелот со Лукаку, двајцата добија суспензија од 1 меч во Купот. Ромелу ја одбработи на првиот меч против Јувентус во Копа Италија, а Златан ќе треба да ја одработи следната сезона исто во Купот доколку остане во Италија.

4 февруари 2021 - 13:21