Ветераните на Барселона и Реал направија шоу во Тел Авив

Реал Мадрид го доби Ел Класико во Израел, во натпревар на кој паднаа пет гола и каде резултат е во втор план. Спектаклот го гледаа околу 30.000 гледачи на стадионот Блумфилд. Роналдињо даде гол.

Егзибицискиот натпревар во организација на Барселона е празник за очи, само уште кога ќе види човек кои се актерите на терен. Славни фудбалски имиња кои во минатото ги гледавме во големите Ел Класико пресметки.

За Барселона се појавија имиња како Ривалдо, Роналдињо, Деко, Мендиета, Савиола, Роналд де Бур, а за Реал Мадрид настапија Роберто Карлос, Фиго, Мунитис, Алфонсо...

Кралевите славеа со 3:2 со головите на Алфонсо, Мунитис и Де Ла Ред, а за Барселона погоди Жофре и Роналдињо од пенал. Капитени на мечот беа Ривалдо (49) и Карлос (48).

И покрај годините и фудбалската пензија во која уживаат, овие легенди имаат уште магија во нозете и со атрактивни потези, додавања и голови, знаат како да ја забавуваат публиката.

21 јули 2021 - 13:27