УЕФА: Службена победа од 3:0 за Србија, но без бодови

Србите го добија прекинатиот меч, но истовремено останаа без 3 бода и публика на домашен терен. Парична казна и за двете федерации.

Дисциплинската комисија на УЕФА: Томас Партл (Австрија), Жоел Волф (Луксембург) и Ханс Лоренц (Германија) ги соопшти казните за сојузите на Србија и Албанија:

- Натпреварот Србија - Албанија е регистриран со службен резултат 3:0 во корист на Србија;

- На Србија и се одземаат 3 бода;

- Србија следните два натпревари од квалификациите на домашен терен ги игра без публика

- Фудбалскиот сојуз на Албанија се казнува со 100.000 евра;

- Фудбалскиот сојуз на Србија се казнува со 100.000 евра;

- Двете федерации во рок од 5 дена ќе ја добијат одлуката од УЕФА, а потоа имаат рок од 3 дена за да одговорат.

Репрезентацијата на Србија следниот натпревар на домашен терен го игра против Данска на 14.11.2014.

24 октомври 2014 - 10:35