Туку што беше со голманот на Челси против Брентфорд

Дечкото дојде во септември 2020 во Челси а на 29 мај 2021 освои Лига на шампиони во големото финале со Манчестер Сити каде блескаше. Колегите од репрезентацијата на Сенегал се чудат зошто го нема на поширокиот избор за Златна топка.

„Моја почит за Брентфорд. Да не беше Менди ќе изгубевме 145:0“, напишал после мечот Брентфорд - Челси, Џереми Кларксон, познатиот лик од британската јавност.

Брентфорд сезонава игра во Премиер по пласманот од Чемпионшип, но толку многу го надиграа Челси што секој навивач на „сините“ искрено ќе признае дека домаќинот заслужил најмалку бод.

А три бода за Стемфорд Бриџ однесоа благодарение на голманот Едуар Менди. Брентфорд во последните 20 минути имаше еден куп стопроцентни шанси ама голманот на Челси бранеше неверојатно.

Статистиката на вториот дел вели: 15:1 во удари за Брентфорд, 7:0 во рамки на гол, општа опасност 1,52 xG за Брентфорд наспроти 0,03 xG кај Челси. Најинтересно е што оваа статистика домаќинот ја наби во последните 20 минути од мечот, а тимот на Тухел последниот шут го имаше во 47’ минута.

Сенегалскиот голман на голот на Челси, Едуард Менди кој во септември 2020-та дојде од Рен, бранеше невозможно добро. Сите удари од далечина па и од најблиско растојание ги одбрани без преголеми напори.

Во тие последни 20 минути Менди запиша дури 6 чисти одбрани (една со лице) што му е личен рекорд во Премиер лига.

„Многу сум среќен што дадов гол, ама прво мора да му се заблагодарам на Еду. Не знам колку одбрани запиша денес ама сите беа многу важни. И он тоа го прави секоја недела. Не спасува, некогаш по еднаш или два пати по натпревар или по многу пати како денес. Он е топ голман и треба да му се заблагодариме. На такви натпревари голманот е посебно важен, неговите одбрани ни донесоа 3 бода“, вели стрелецот на единствениот гол, левиот бек Бен Чилвел кој распали сјаен волеј со лева за еврогол.

А сево ова со Менди доаѓа по големата врева што се крена околу него зошто тој не се најде меѓу 30 претенденти за Златна топка за најдобар играч во претходната сезона. По тој повод големи критики до светската фудбалска јавност упатија неговите соиграчи од репрезентацијата на Сенегал - Калиду Кулибали (Наполи) и Садио Мане (Ливерпул).

„Недопустливо е, не ја сфаќам одлукава. Еду е многу позитивен човек, зборевме со него на таа тема и он изјави дека ќе продолжи да се бори за правото да се најде на списокот. Сметам дека заслужува место меѓу 30 кандидати за Златна топка“, вели Мане кој блеска во Ливерпул.

После триумфот над Брентфорд, голема поддршка до голманот Менди упати и неговиот соиграч од Челси, Рудигер кој исто не сфаќа како Менди не се нашол ни на широкиот список од 30 кандидати за најголемото признание на годината.

18 октомври 2021 - 11:48