Трите спорни одлуки на Емирати кои кренаа голема врева

Реал и Сити режираа величествена фудбалска претстава со 6 гола, пресврти и атрактивни погодоци за најавни шпици. На другиот меч меѓу Арсенал и Баерн (2:2), на големо се дебатира за судењето. И двете екипи се убедени дека се украдени со по еден чист пенал.

Првата и најзборувана ситуација е онаа на Габриел кој направи аматерска грешка, бидејќи откако голманот ја изведе топката, тој ја фати со раце да ја изведува од почеток.

Тухел незадоволен, на пресот рече дека објаснувањето на судијата за тоа што не досудил пенал е ужасно. Им рекол на играчите дека се работи за „детска грешка“ поради која не се суди пенал во четвртфинале од ЛШ.

Спорниот момент за кој се бунеа Англичаните е стартот на Ноер врз Сака во судиското продолжение на кое не реагираше ни главниот судија, ниту луѓето во ВАР собата.

Третата ситуација е лактот на Кејн за кој има реакции дека требал да биде санкциониран со црвен.

Спектакл на Реал и Сити, 10 гола на два меча во Лига на шампиони

10 април 2024 - 12:43