Торино ги поздрави своите шампиони

400.000 навивачи на Јувентус излегоа на улиците на Торино за да ги поздрават своите фудбалери кои оваа сезона поставија нови стандарди во италијанскиот фудбал, освојувајќи ја титулата без пораз по 38 одиграни кола.

Околу 400.000 навивачи на Јувентус од целиот свет пристигнаа во Торино за да ја прослават титулата на својот клуб. Според планираната програма, автобусот во кој беа играчите на плоштадот во Торино требаше да се задржи само неколку минути, но заради огромната желба на навивачите да ги поздрават своите миленици, автобусот низ гужвата се пробиваше два и пол часа.

Јувентус е единствениот клуб кој без пораз ја заврши сезоната во Серија А по одигрување на 38 натпревари (23 победи и 15 нерешени). Предходниот рекорд го држеше Интер од сезоната 2006/2007 кога тие забележаа 30 победи, 7 нерешени и 1 пораз. Перуџ ја заврши сезоната 1978/79 со 0 порази, 11 победи и 19 нерешени, а Милан во сезоната 1992/93 забележа 22 победи, 12 нерешени и 0 порази, но тогаш сезоните беа пократки.

Одбраната на Јувентус оваа сезона прими само 20 гола што претставува нов рекорд. Модена во 1946/47, Јувентус во 2005/06 и Милан во 2010/11 примија по 24 гола.

На овој натпревар од дресот на Јувентус се збогуваше Алесандро Дел Пјеро, а тој со навивачите се збогуваше во голем стил. Дел Пјеро го постигна својот 289-ти гол на 704-от официјален натпревар по 19 сезони одиграни за Јувентус.

14 мај 2012 - 10:46