Торес знае како се решава дерби

На 9 средби за Милан годинава, Шпанецот даде само еден гол, но може да биде главен адут на Пипо Инзаги за дербито против Интер во недела, затоа што досега дал 10 гола на комшиските дуели во Ливерпул, Мадрид и Лондон.

Торес како 23-годишен даде гол за Атлетико Мадрид во ремито против кралевите на 24. февруари 2007. година на Висенте Калдерон. Гонзало Игуаин тогаш израмни за Реал.

Торес почна дава голови и на комшиското дерби Ливерпул - Евертон. Шпанецот го реши првото градско дерби за него по доаѓањето на Енфилд во сезоната 2007/2008-ма.

Шест месеци подоцна, Ел Нињо му даде два гола на Евертон на Гудисон Парк. И тогаш Ливерпул победи и освои три бода.

Мадридското дете се прослави и во дерби дуелите покрај реката Темза. Со гол на крајот стави точка на градското дерби Челси - Вест Хем 2:0 на 23. април 2011. година. Тоа беше прв гол на Фернандо Торес за Челси по 734 минути.

Најдоброто градско дерби на Торес во кариерата е она од април 2011-та година, кога против КПР постигна хет-трик во триумфот на Челси 6:1. Торес на тој дуел на Стемфорд Бриџ стрелаше прецизно за 3:0, 4:0 и 5:0.

На Торес му се играше фудбал и на Емирати стадионот, па така на 29. септември 2012-та година го доведе Челси во водство против Арсенал. Сините го добија тој натпревар 1:2.Челси во Премиер лигата има неколку ривали од Лондон, а Торес го реши помалото градско дерби против Кристал Палас на 14. декември 2013. година.

21 ноември 2014 - 15:54