Тахити му се заблагодари на Бразил

Примија 24 гола на три меча. Нивните противници рушеа рекорди против нив. Се радуваа на единствениот погодок против Нигерија како да обезбедија финале, но и покрај се си заминуваат задоволни затоа што нивната победа е освојувањето на срцата на сите љубители на фудбалот.

Против селекцијата на Тахити, „Црвената Фурија" ја оствари највисоката победа во Купот на Конедерации од 10:0, а им го нанесе највисокиот пораз на аматерите кој со идентичен резултат има загубеното и од Нов Зеланд.

Фернандо Торес и Абел Хернандес се единствените двајца фудбалери кои постигнале 4 гола на еден меч во ова напреварување. Шпанците им ја затресоа мрежата во 4 минута, Нигеријците во 5-та, а синоќа Хернандес го постигна најбрзиот гол во историјата во Купот во 79 секунда.

Учеството на селекцијата на Тахити која вреди 3 милиони евра можеби донесе уште многу рекорди кои ги остварија нивните големи фудбалски противници, но тоа за нив не е битно. Тие имаа можност да се ракуваат со еден Торес или Виља и за прв почувствуваа како е да се биде дел од еден ваков спектакл.

„Нашата најголема победа е освојувањето на срцата на бразилските навивачи. Мислам дека е фер ако кажам дека ние сме подобри сега отколку кога игравме во Тахити". изјави селекторот Еди Етаета.

Репрезентацијата која има само еден професионален фудбалер, во Бразил ги живееше најубавите денови од нивното основање пред 24 години. Ќе остане запаметена по тоа што во составот настапуваа тројца браќа и нивниот братучед, како и по разно разните професии на фудбалерите како на пример разнесувач на брашно.

Тахити често пати "го паркираше автобусот" пред својот гол, а на крајот си заминува со гол разлика 24:1. Некои од реакциите на играчите беа комични, но тие ќе се вратат дома со животни мемории. Селекцијата од „Романтичниот остров" ќе остане запаметена како најаматерската и најмалата нација која учествувала на сениорско натпреварување организарано од ФИФА.

24 јуни 2013 - 11:28