Таг: тахити

Автоголот на 196-та фудбалска земја во светот

Интернетот во цела планета овој гол денес ќе го прогласи за најглупав автогол на сите времиња. Актер е голманот на Тахити, петтата најслаба фудбалска репрезентација во светот на ранг листата на ФИФА која со еден професионален фудбалер играше во Купот на Конфедерациите во Бразил.

Ракометниот ритуал на Тахити

На развоен турнир во Габрово, Бугарија се среќаваат ракометните селекции на Тахити и Зелет `Рт. За Тахити дознавме дека имаат фудбалска репрезентација со само еден професионален играч, а за ракометната дека имаат ритуал пред натпревар со кој го илустрираат митот за племињата од полинезиските острови.

Селекцијата на Тахити имала допингуван фудбалер

Во најмалата репрезентација која до сега настапила на натпреварување под капата на ФИФА и која се радуваше што ќе игра рамо до рамо со големите ѕвезди на светскиот шампион Шпанија се крие натрапник кој користел недозволени стимулативни средства во Бразил.

Тахити му се заблагодари на Бразил

Примија 24 гола на три меча. Нивните противници рушеа рекорди против нив. Се радуваа на единствениот погодок против Нигерија како да обезбедија финале, но и покрај се си заминуваат задоволни затоа што нивната победа е освојувањето на срцата на сите љубители на фудбалот.

Уругвај со осум гола го наполни Тахити

По шест примени гола од Нигерија и десет од Шпанија јасно беше дека аматерите од Тахити многу пати ќе ја вадат топката од својот гол и на третиот натпревар. Рутиниран триумф забележа и светскиот и европски шампион Шпанија со 3:0 над селекцијата на Нигерија.

Шпанците со рекорден триумф во Купот на Конфедерации

Црвената фурија сосема очекувано стигна до висока победа од 10:0 против селекцијата на Тахити која има само еден професионален фудбалер. Најпрецизни беа Торес со 4 и Виља со хет трик, а светскиот шампион стигна до рекордно највисока победа во историјата на овој турнир.

Селекцијата која има еден професионален фудбалер

Земјата на тетоважите и рајските летувалишта има аматерска фудбалска репрезентација која вреди 216 пати помалку од Шпанија. Позната е како место за инспирација на големите човечки умови, во фудбал успеала да победи со рекордни 30:0, а во составот има работници кои играат од љубов.

Нигерија како на тренинг против аматерите од Тахити

Во вториот меч од Б групата во Купот на Конфедерации, селекцијата на Нигерија сосема очекувано го декласираше аутсајдерот на турнирот со високи 6:1. Хет трик на мечот постигна Адуамади.

Во Бразил трчаат фудбалери од 2 милијарди евра

Според сајтот FútbolFinanzas.com, осуммината учеснички на Купот на Конфедерациите во Бразил заедно вредат речиси 2 милијарди евра. Најбогат е составот на Дел Боске.