Спалети за Газета дело Спорт: Елмас е веќе шампион

Стратегот на Наполитанците кој му дава најмногу минутажа и слобода на Елмас, воопшто не штеди зборови за македонскиот репрезентативец. Пофалбите за него се врвни. Доби оценка 7,5 и коментари од типот: Одигра натпревар како вистински марсовец!

Првата пофалба која боде најмногу очи утринава во италијанскиот печат е кусата изјава на Лучано Спалети за Елмас, дадена за Газета дело Спорт, која гласи вака:

Ла Република: Елиф Елмас, новото злато на Наполи кое вреди веќе 70 милиони.

„Македонецот го совлада Милан со што не тежеше отсуството на Инсиње. Пристигна во 2019 година со прекарот „Дијамантот“, а со Спалети ја пронајде својата димензија во неговата трета сезона во Италија. Неговата репрезентација ја плаши Италија на Манчини во плејофот, но тој ќе биде отсутен поради суспензија“.

Areanapoli му даде оценка 7,5: Елмас прекрасен

„Ја потврдува одличната форма со постигнување на гол кој го решава големиот натпревар од 18. коло. Момент со кој ја зголемува самодовербата и желбата. Некои дриблинзи му беа антологиски“.

Calcionapoli1926 исто така со 7,5

„Одигра натпревар како вистински марсовец! Физички и технички доминираше во средниот ред. Перфектна егзекуција од корнер“.

Sportmediaset со оценка 7

„Неговиот гол на почетокот на натпреварот го смени текот на мечот во корист на Аѕурите и даде важна и специфична тежина за момците на Спалети. Неговото тргнување од лево е секогаш опција за офанзивна игра.

Статистиката на Опта:

„Голот на Елмас падна после првиот удар на мечот. На 24 настапи во сезоната 2021/2022, Елиф Елмас веќе постигна 6 гола за Наполи на сите натпреварувања, двојно повеќе головите од цела ланска сезона на која одигра 44 меча. Петти гол за Елмас во Серија А, прв со глава“.

Голот на Елмас со кој го покори седумкратниот првак на Европа среде Сан Сиро

Разговорот меѓу Рики и Елмас пред мечот Милан - Наполи

ЦИЕС: Елмас вреди 70 милиони евра 

20 декември 2021 - 08:49