Што точно се случи во Париз и дали се отвори Пандорината кутија?

Во 14' минута од мечот ПСЖ - Истанбул Башакшехир главниот арбитар на мечот, познатиот романски судија Овидиу Хацеган реагираше на еден конфликт надвор од теренот.

Помошникот тренер на Башакшехир Пјер Вебо таму крај линијата се расправал со 4-от судија Себастиан Колцеску. Хацеган го прашал својот колега сонародник на кого да му даде црвен картон, а овој покажал накај легендарниот камерунски шпиц, сега тренер Пјер Вебо и рекол: „На оној црниот човек таму“.

Вебо добил црвен картон ама после неколку секунди изби жестока расправија. Вебо му се пуштил на 4-от судија Колцеску: „Зошто ме нарече негро? Зошто?“

Кога останатите играчи на Башакшехир видоа дека има некаква гужва, се приближија до помошникот судија каде Демба Ба најбурно реагираше:

„Да збориш за белец, нема да речеш 'на оној белецон', ама кога зборуваш за црнец, викаш 'на оној црнецот', повторуваше неколку пати поранешниот шпиц на Њукасл и Челси.

Колцеску во одбрана исплашено одговори: „Негру на романски означува црно. Јас не сум расист“.

На местото веднаш дотрчаа скоро сите играчи а Нејмар и Маркињос бараа објаснување од романскиот 4-ти судија дали стварно го нарекол Демба Ба црнец. 

Дофрлаше и Окан Бурук, тренерот на Башакшехир: „Ти си расист“?

Еден од луѓето од УЕФА пробал да објасни дека е недоразбирање поврзано со романскиот јазик. 

Според романскиот новинар Емануел Рошу, помошникот судија можно е да рекол „jucatorul negru“ што во превод значи “црниот играч“.

Расправиите не престанаа а судиите чекаа да го продолжат мечот. Но во 23' минута играчите на Башакшехир го напуштија теренот, а Килиан Мбапе им покажа на своите соиграчи и тие да се солидаризираат.

УЕФА побарала од двата тима во 22:00 часот да го продолжат мечот, но тие одбиле.

„Четвртиот судија кажа негро пред очи на сите. Ќе се вратиме на терен ако УЕФА го отстрани четвртиот судија од терен. Ако не, Башакшехир не се враќа на терен“, рекол претседателот на клубот Ѓоксел Ѓумношдаг.

ШТО ПРЕДЛАГАЛА УЕФА?

Луѓето од европската фудбалска унија имале разбирање за гневот на турскиот клуб и предложиле резервниот судија Колцеску да биде заменет со судија од ВАСР собата. Башакшехир не го прифатил тоа, инсистирале Колцеску да биде отстранет од мечот во целост.

УЕФА веројато би го прифатила и тоа но немала резервни варијанти, зошто во тимот на ВАР нема резервни судии: по правило во собата има двајца луѓе за ВАР и АВАР. Во случај да заминел еден од собата, таму ќе немало замена за него.

Башакшехир не сакал да слушне за излегување на терен додека Колцеску не го напушти стадионот. ПСЖ го поддржал противникот и одбил да излезе на терен додека гостите не се чувствуваат комфорно.

Дури еден час подоцна по состанкот на Демба Ба и Маркињос, се договориле да ги прифатат условите на УЕФА и заедно фатени за раце да излезат на терен како гест во борбата против расизмот. Но турскиот тим не го прифатил ова, многу играчи не биле спремни да го доиграат мечот.

НАТПРЕВАРОТ ЌЕ СЕ ДОИГРА ВО СРЕДА ОД 14 МИНУТА

УЕФА го има последниот збор и тоа е факт. Во Нион одлучиле на мечот во Париз да се доиграат 76 минути со нова судиска екипа.

Овој натпревар веќе нема никаква интрига во групата затоа што ПСЖ оди сигурно во плејофот каде оди и германски Лајцпиг откако со 3-2 го исфрли Манчестер Јунајтед во лига Европа (Германците во еден момент водеа со убедливи 3:0).

Башакшехир испаѓа од групната фаза.

Веќе е познато и кои ќе бидат новите судии, Холанѓанец, Италијанец и Полјак. Главен арбитар вечерва ќе биде Дани Мекели од Холандија, помошници ќе бидат Марио Дијкс (Холандија), Марцин Бонек (Полска), резервни судии ќе бидат Бартош Франковски (Полска) во ВАР собата ќе биде Марко Ди Бело (Италија), а во АВАР - Мауруцио Мариани (Италија).

За секој случај назначиле и резервен помошен судија - Полјакот Јакуб Винклер.

ШТО ВИКААТ ПРАВИЛАТА АКО ДВЕ ЕКИПИ ОДБИЈАТ ДА ИГРААТ?

Во членот 27 од правилникот на УЕФА стои дека екипа поради која мечот е одложен или прекинат, ќе биде технички поразена со 3:0.

Во точката 14 од правилникот е пропишано дека во случај на прекин на мечот по одлука на судија, нарушителите можат да бидат казнети до 50.000 евра, затворање стадион, одземање бодови па дури и дисквалификација.

Но никаде не е прецизирано доколку некој од судиите е виновен за прекинот што се случува и УЕФА ќе мора да го корегира тој дел кај арбитрите.

ШТО ВЕЛИ УЕФА?

Иако реакцијата до моментов беше минимална, шефовите во УЕФА се на страна на играчите.

„Сите настани ќе бидат истражени. На расизмот и дискриминацијата не им е место во фудбалот“, кратко соопшти УЕФА.

Се огласи и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за кого се вели дека негови блиски луѓе го водат Башакшехир и дека му е омилен клуб.

„Одлучно ги осудувам расистичките испади на сметка на Пјер Вебо од стручниот штаб на Истанбул. Сметак дека УЕФА неопходно мора да преземе конкретни чекори. Ние решително сме против расизмот и дискриминација во спортот и во сите сфери од животот. Не за расизмот“.

9 декември 2020 - 09:41