Внуците на Старата дама

Што прават дипломираните студенти на Јуве?

Јуве одамна е познат по својата академија. Роберто Бетега, Карло Бигато, Доменико Кришито, Себа Џовинко, Клаудио Маркизио се најзнаменитите студенти. Сепак не добиваат шанса сите млади играчи.

Во дворот - трева. На тревата - Фабио Гросо, со свирка и со стоперица. Необична глетка за поранешниот дефанзивец на Италија. До неодамна Светски првак, играч на Мундијалот а сега тренер на младинскиот тим. Со цел да води некој голем клуб и да се здобие со искуство, Гросо почнал од младинските категории.
 
Младинците на Јувентус победија девет натпревари по ред, стабилно го држат првото место во младинското првенство. Сепак Гросо уште се сеќава кога неговиот тим доби шамар 1:4 од Сампдорија.
 
Иако Примавера (младинците) на Јувентус 10 години не го освоиле првенството и 3 години Купот, годинава се најголем фаворит за титулата. Бјанконерите ја проширија Академијата преку кампови во целиот свет. Стигнаа и до Русија, во Санкт Петербург и Москва.

Најдобар дипломец на Академијата Јувентус во последниве неколку години е Клаудио Маркизио. За 23 години во системот на клубот, тој ги помина сите категории и само еднаш ја напушти базата на тимот - на едногодишна позајмица во Емполи. Се врати во Торино и го бараа од ОАЕ, од САД, од Англија, но тој ги одби сите.
 
На различен пат беа и Федерико Матиело, Лука Мароне и Паоло Де Чеље. Јуве можеше да ги продаде веднаш или да ги праќа на позајмици.
„Работиме напорно. Јас и момците сакаме да освоиме титула, да обрнеме внимание на првиот тим, но за жал не е возможно да има место за сите. Јуве има потреба од нови ѕвезди секоја година за да го одржи статусот на суперклуб и редовно да освојува трофеи“, и самиот зачуден изјави Фабио Гросо.
Јуве лани имаше триумфална сезона. Тимот го освои Скудетото, Купот на Италија и стигна до финалето на ЛШ. Сепак и покрај овие достигнувања, клубот беше принуден да се раздели со голем број играчи. Пирло продолжи во МЛС, Видал во Баерн, а Тевез во Бока.

Масимилиано Алегри се реши да не бара помош во академијата. Даде 42 милиони за Паоло Дибала, 26 за Алекс Сандро. За Ѕаѕа, Переира и Манџукиќ вложија околу 63 милиони евра. Кедира дојде бесплатно, но Јувентус потроши вкупно 121 милион за трансфери минатото лето.

Младите и неверојатно талентирани Никола Поцебон, Андреа Фавили и Лука Клеменца и натаму сонуваат за првиот тим, но во таква конкуренција, едноставно не е реално да заиграат.

Јувентус долго време ги следи мејнстрим методите. Во погоните на Баерн, Реал и Барселона има најскапоцени играчи и целосно се заборава на воспитаниците од сопствените академии. Зошто се трошат толку многу пари?
 

Наместо Симоне Ѕаѕа на клупата може да седи Фабио Морсели, а наместо Ернанед - Григорис Кастањос. Така мислат навивачите на Јуве, но не и стручниот штаб на екипата. Според нив, интеграцијата на фудбалери од Примавера во првиот тим е долг и сложен процес.

1 февруари 2016 - 13:25