Таг: академија

Холивуд не ги дава своите заткулисни играчи

Во отворено писмо потпишано од над 70 холивудски титани, се бара од Академијата да ја отповика одлуката за 8 категории да додели Оскари уште пред емитувањето на церемонијата.

„Времето е како мушмула-скапува пред да созрее“

Насловот е цитат од дело на Ф.М. Корнфорд од 1908, кој опишува еден парадокс на академската работа - принципот на „несозреано време“.

Традицијата е чудо и не е секому достапна - Јунајтед 4.000 меча по ред со свое дете во тимот

Во ера на модерен фудбал кога се трошат вртоглави милијарди, постојат и некои вредности кои траат вечно. За разлика од нивниот градски ривал кој се бања во милионите од арапските шеици, Манчестер Јунајтед не отстапува од традицијата и верно се држи до неа.

Во Ливерпул дошол преку лотарија, а сега го спремаат за капитен

Трент Александер Арнолд е еден од клучните фудбалери на европскиот шампион под водство на Јирген Клоп. Игра толку сјајно што на „Енфилд“ во него гледаат иден капитен и лидер.

Најјакиот скаут во Европа кој ги открил Модриќ, Мбапе, Шкриниар и Икарди

Откако стигнал до врвот и бил главен оперативец на Монако, Тотенхем и Сампдорија, сите мислеле дека Роберто Печини ќе оди во некој од гигантите, но тој се решава за скромен живот и ги шокира сите со одлуката да стане шеф на скаут служба во едно мало симпатично клупче.

Кореецот кој заиграл тенис за да го подобри видот, сега е сензација

Во Јужна Кореа двегодишно служење воен рок не можеш да избегнеш па да си син на претседателот лично. Но едно талентирано дете кое имало проблеми со видот и кое го здрма тенискиот свет служело само четири недели. Кој е тој Хен Чон?

Германија е тоа, ништо не препуштаат на случајот

Во Бундеслигата во моментов работат 6 главни тренери помлади од 40 години. Двајца од нив - Јулиан Нагелсман и Доменико Тедеско се главни претставници на новата генерација, потекнуваат од локална тренерска школа и во 2017-та направија револуција во германскиот фудбал.

Фудбалската школа поради која Мадона од Њујорк се пресели во Лисабон

Оваа школа рудари небрусени бисери и подоцна ги продава илјада пати поскапо отколку што ги купила. Поради кариерата на својот син во таа академија, Мадона решила да живее во главниот град на Португалија.

Набљудувачот и набљудуваните: кога наш истражувач ќе почне да се занимава со Твитер

Често сме пишувале за лингвистички анализи кои се однесуваат на социјалните мрежи, кои станаа доминантен виртуелен „терен“, и тоа не само за јазичарите, туку и за психолозите, антрополозите, психијатрите, и секој оној кој сака да разбере како (побогу) функционира современиот човек со пристап до интернет. Но немавме локален пример за истото. Сè до сега.

Вреди 120 милиони евра, но не заборава од каде потекнува

Растен во париски кварт заедно со двајцата постари браќа, Погба уште од мал се исчеличил и сакал само едно: да стане познат фудбалер. Целиот фудбалски пат го оди под рака со мајка му која што раскажала како му се развикала на Фергусон.

Каде ќе се калат децата на Вардар

На површина од 1.152m2 во кој се сместени 6 соблекувални за децата и тренерите, простор за видео презентации, администатиен простор и други помошни простории, ФК Вардар ја претстави фудбалската академија сместена до арената Филип Втори во која професионално тренираат 400 деца. Како компарација од Вардар велат дека најблиску до оваа академија од ваков тим во регионов е онаа на Партизан. Убаво.

Што прават дипломираните студенти на Јуве?

Јуве одамна е познат по својата академија. Роберто Бетега, Карло Бигато, Доменико Кришито, Себа Џовинко, Клаудио Маркизио се најзнаменитите студенти. Сепак не добиваат шанса сите млади играчи.

Научници и професори, бидете малку и новинари!

Не мислиме на масовно излегување од лабораториите и предавалните за да се прават онакви анкети по пазари, ниту пак на пишување колумни во својство на „експерти" за дневно-политички теми. Мислиме на потребата професори и научници од различни области почесто да пишуваат за не-академска публика, односно како упатени новинари.

Данска ѝ спушти рампа на школата на Барса

Шпанскиот клуб којшто служи 1-годишна забрана за трансфери од ФИФА, доби уште една неповолна вест откако Данска им забрани да отворат фудбалска академија во оваа земја.

До научна статија со еден клик

Оние огласи од типот „пишувам докторски, поволно" наскоро ќе ги снема - ваквите вносни занимања ќе ги заменат компјутерски програми. Искористете ги додека се бесплатни, а ако ве фатат бруката и не е толку голема колку што се чини на прв поглед.

Француското jaзично движење на отпорот

„Бесмртните", како што се нарекуваат членовите на Француската академија, решија да го кренат гласот изнервирани од сè почестата употреба на еден негалски акроним. Ги замислуваме како со тапирани перики седат пред мониторите и си мрморат: „Ех, златен Молиер".