Седум тренери кои освоиле ЛШ и во копачки и во чевли

Зинедин Зидан со Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите како играч, како помошен тренер и како главен тренер. Тој е седми на листата великани кои му се радувале на трофејот и како играчи и како тренери.

Мигел Муњос

Легендата на мадридски Реал, Мигел Муњос три пати го освојувал Купот на Европските шампиони (денес ЛШ) како фудбалер (во 1960, 1957, 1958) и два пати како тренер (1960, 1966).

Џовани Трапатони

Еден од најголемите тренери во историјата, Џовани Трапатони го освоил КЕШ два пати како играч на Милан (1963, 1969) а потоа еднаш како тренер во 1985-та.

Јохан Кројф

Јохан Кројф, најголемиот меѓу најголемтие освоил три пехари во Купот на шампионит како играч на Ајакс (1971, 1972 и 1973), а како тренер ја водеше Барселона до европскиот трон во 1992. година со дрим-тимот.

Франк Рајкард

Франк Рајкард освои две титули во Лигата на шампионите како играч на Милан (1989, 1990) и една како фудбалер на Ајакс (1995). Потоа Рајкард стана тренер на Барса и ја освои ЛШ во 2006. година, период кој значеше почеток на триумфалната ера на Каталонците.

Пеп Гвардиола

Пеп Гвардиола во 1992. година играјќи за Барса на Кројф ја освои титулата во ЛШ како играч. Во 2009 и 2011 ја освои ЛШ како тренер на Каталонскиот клуб.

Карло Анчелоти

Карло Анчелоти, еден од најтрофејните стручњаци на денешнциата како играч на Милан му се радуваше на пехарот од ЛШ во 1989-та и 1990-та. Потоа три пати како тренер стигна до престижниот трофеј, со Милан во 2003-та и 2007-ма и со Реал Мадрид во 2014-та.

Зинедин Зидан

Зизу е последен тренер кој влезе на листата великани кои му се радувале на триумфот во финалето на ЛШ и како играч и како тренер. Французинот еднаш го крена пехарот од ЛШ и како помошен тренер на Карло Анчелоти во Реал Мадрид.

Со Кралскиот клуб Зизу во 2002. година ја освои Лигата на шампионите и како играч, по фантастичниот гол против Леверкузен во финалето.