Се рчнаа Конте и Ањели

Големото дерби на Италија, овојпат во реваншот од Купот, заврши 0:0 и Јувентус е првиот финалист поради триумфот 1:2 на првиот меч. За време на дуелот имаше тензија меѓу претседателот на Јувентус и тренерот на Интер кој долги години го водеше токму шампионот на Италија.

Јувентус по 6-ти пат во последните 7 сезони стигна до финалето на Купот на Италија.

Дуелот мина без голови ама со многу искри. Прво во 10' минута кога судијата оправдано не досуди пенал по падот на Лаутаро Мартинез, а набрзо му даде жолт картон на Дармиан за фаулот над Роналдо, Конте бурно реагираше. Му одговори Бонучи: „Ти треба да го почитуваш судијата“.

По низа дофрлања што од ложата горе која е близу клупите за резерви, на полувремето Конте му покажал среден прст на газдата на Јувентус:

По крајот на мечот, откако си честиташе во ложата со Недвед и Паратичи, Ањели му викал на Конте: „Покажувај сега среден прст, шупак“

„Нема што да се каже, би требало да се има повеќе респект и спортски дух за оној кој работи. Изворите од Јувентус би требало да ја кажат вистината, мислам дека четвртиот судија слушна и виде што се случуваше цел натпревар. Треба да се биде поучтив“, рече после мечот Конте за Раи. 

Газета дело Спорт пренесува и дека конфликтот меѓу Ањели и Конте продолжил и на пат кон соблекувалните.

Антонио Конте се прослави токму во Јувентус. Како играч освои 5 шампионски скудета, а како тренер 3. Но претседателот на Јувентус, Андреа Ањели никогаш не му го простил односот при заминувањето на Конте во средината на летото во 2014-та.

Тогаш причина за оставката на Конте најверојатно беа несогласувањата за трансфер политиката на клубот. Од тогаш односот меѓу Ањели и Конте е многу нарушен.

10 февруари 2021 - 09:44