Се отвори голема дилема, дали Лаутаро Мартинез беше навистина во офсајд?

Аргентина на изненадување на цел свет го изеде од Саудиска Арабија. Аргентинските медиуми тврдат дека Гаучосите се оштетени.

Избраниците на Скалони постигнаа три гола во првиот дел кои им беа поништени со ВАР, но аргентинските медиуми „Оле“ и „Тик Спортс“, како и англискиот Спортбајбл тврдат дека при еден од двата поништени голови на Лаутаро Мартинез е направена голема грешка.

Системот е критикуван со обвинувања дека во ВАР собата го гледаат само дефанзивецот кој се наоѓа најблиску до аргентинскиот напаѓач, а го забораваат левиот бек Јасер Алшахрани поставен со лева нога напред, во линија со рамото на Мартинез. 

Аргентина и даде четири гола на Саудиска Арабија во прво полувреме, три и поништија

Мундијалска сензација, Саудиска Арабија со пресврт ја фрли Аргентина на колена

23 ноември 2022 - 08:49