Се јавуваме од Виљареал, услови за игра нормални

Мечот Виљареал - Макаби Тел Авив од 3. коло во Лига Европа беше одложен на неколку часа, па се доигра и домаќинот победи со 4:0. „Естадио де ла Керамика“ и теренот беа во склад со прекарот на клубот „жолта подморница“.

Во градот во близина на Валенсија синоќа паднал еден од најсилните дождови во последните 40 години. 

На квадратен метар за пола час лиело по 60 литри дожд. Но за нешто повеќе од 1 час, благодарение на дренажниот систем, водата била во огромна мерка собрана и мечот можел да се игра.

После неколку часа мечот почна, а Виљареал го отвори резултатот уште во 4' минута преку Карлос Бака. Во вториот дел „жолтата подморница“ даде уште 3 гола (Бака, Алекс Баена, Фер Нињо) и уверено триумфираше над Макаби Тел Авив во Лига Европа со 4:0.

5 ноември 2020 - 21:21