Таг: виљареал

Куртоа го остави голот празен, Виљареал не успеа да погоди од контра ниту со двајца

Фудбалерите на Виљареал му го нанесоа вториот лигашки пораз на Реал Мадрид со 2:1. Во последната 98-ма минута, кралевите во обид да израмнат тргнаа во напад со се голман. Арнаут Данјума тоа не го искористи за 3:1 и го оствари едно од најголеми промашувања на сезоната, а имаше празен гол и слободен соиграч.

Јак момент од мечот Хајдук - Виљареал

На стадионот Пољуд, на пресметката Хајдук - Виљареал од плејофот во Конференциска лига, имаше убав избор на црвена боја. Секој со својот вкус, се разбира.

Виљареал немаше сили за сензација, прв финалист во ЛШ е Ливерпул

Шпанско англиската пресметка донесе супер интересно и возбудливо полуфинале во реваншот од ЛШ. По едно полувреме им припадна и на двете екипи. Виљареал запна, целосно го надигра фаворитот и се избори за 2:0 на полувреме, но реакцијата на момците на Клоп во вториот дел беше жестока со 3 гола за 12 минути.

Ливерпул за две минути два пати го разби бункерот на Виљареал

По лудата полуфинална пресметка на Етихад која заврши со 7 гола, Ливерпул и Виљареал не успеаа да го повторат мечот на сезоната во ЛШ. Момците на Клоп обезбедија солиден резултат против изненадувањето на сезоната, кој ветува пласман во финале.

Каков Виљареал ќе беше ова, голот на Баерн висел цела вечер

Додека сите очи синоќа беа повеќе вперени кон Стемфорд Бриџ каде гледавме дуел на титаните, во Шпанија Баварците и добро што поминале со 1:0.

Опасен танц падна во соблекувалната на Виљареал

И покрај тоа што имаа резултат 1:1 од првата средба и дома важеа за фаворити, фудбалерите на Јувентус капитулираа на домашен терен и примија три гола за 14 минути. Четвртфиналистите на Емери синоќа имаа убава причина за славје, а тоа го правеа како во диско.

Нов нокдаун за Јувентус во ЛШ, Виљареал и Челси се четвртфиналисти

Продолжува проклетството на Јувентус во нокаут фазата од ЛШ кој повторно се соочува со елиминација од противник против кој имаше статус на фаворит. Виљареал и нанесе дебакл на Старата Дама со 3 комада за 14 минути. Челси со пресврт славеше против Лил.

Апсурден поклон во 95-та минута за шампионот на Шпанија

На фудбалерите на Виљареал убаво им тргна на мечот против Атлетико Мадрид и на два пати имаа водство, но сепак остануваат без победа по првите 3 кола. Крајот во судиското продолжение не можеа да го одиграат полошо. 

Виљареал има играч од челик: Играше на Европско, на Олимпијада и во Суперкуп

После Олимписките Игри во Токио, му се восхитувавме на младиот бисер на Барселона, Педри, кој на 18 години одигра 73 меча во сезона! Притоа заборавивме на еден друг шпански фудбалер кој исто играше до изнемоштеност.

Челси го освои Суперкупот на Европа, блесна 22-годишен дебитант кој е дете на клубот

Еден од најдобрите фудбалери во Суперкупот на УЕФА кој Челси го доби на пенали против Виљареал, беше 22-годишниот стопер Тревох Чалоба кој за првпат заигра за првиот тим на „сините“ кои до сега го праќаа на разни позајмици.

Давид Де Хеа последен пат одбранил пенал во 2016-та

Манчестер Јунајтед и Виљареал одиграа сјаен меч кој го круниса пенал серија со дури 22 изведени пенали откако после 120 минути фудбал резултатот беше 1:1.

Највреден пехар во 98 години историја - никогаш клуб од толку мал град не славел толку голем трофеј

Во финале кое ќе се памети уште долги години, Виљареал празнува голема победа над Манчестер Јунајтед и највреден освоен трофеј во 98-годишната историја на клубот!

Легендарно финале, Виљареал испиша бајка после 22 изведени пенали

Фудбалерите на Виљареал го освоија вредниот трофеј на Лига Европа, откако вечерва на пенали го совладаа Манчестер Јунајтед. Пенал серијата траеше бескрајно, се изведоа дури 22 пенали. Унаи Емери по четврти пат го крева овој пехар и влезе во вечноста.

Господин Лига Европа - 5-ти пат ќе игра во финале

Унаи Емери треба да го добие трофејот во Лига Европа во траен посед. Како тренер играл во овој турнир седум пати, до полуфинале стигнал шест пати а пет пати во финале.

Спринтот на неуморниот Аријан после кој Динамо даде гол

И покрај тоа што беше повреден претходната недела и не беше сигурен за реваншот, Аријан Адеми одигра 82 минути за Динамо Загреб кај Виљареал. Дури и беше зачетник на акцијата после која „модрите“ намалија на 2-1 преку Оршиќ.

Облак, дали си добар?

Словенечкиот репрезентативен голман синоќа во триумфот на неговиот Атлетико Мадрид кај Виљареал 0:2 имаше одбрана која скоро сигурно ќе заврши во топ3 одбрани на крајот од сезоната 2020/2021. Не е нормална оваа реакција:

Сцена на вечерта во Лига Европа: Пица за достава на сред терен

Норвешки Молде и германски Хофенхајм синоќа во Виљареал (поради строги мерки во Германија со задолжителен карантин мечот се пренасочи во Шпанија), одиграа фантастичен дуел со дури 6 гола (3:3). Во еден момент некој и нарачал достава на пица, а дечкото што ја донел нарачката беше збунет.

Кенеди, ај што имаш славно име и презиме, туку и јака левица

Синоќа додека Реал се бламираше во Купот на Шпанија, се одигра и еден меч од Ла Лига. Виљареал и Гранада дадоа по 2 гола, а од сите 4 највреден за гледање е оној на Роберт Кенеди во 75' за конечни 2-2.

Се јавуваме од Виљареал, услови за игра нормални

Мечот Виљареал - Макаби Тел Авив од 3. коло во Лига Европа беше одложен на неколку часа, па се доигра и домаќинот победи со 4:0. „Естадио де ла Керамика“ и теренот беа во склад со прекарот на клубот „жолта подморница“.

А видовте ли што искомбинираа фудбалерите на Виљареал?

Точно е дека Меси и Бензема направија фасцинантни асистенции викендов, ама видовте ли вие од каква акција падна гол на мечот Виљареал - Валенсија 2:0? Голманот ја дегажира најлабаво, без никакви очекувања, топката лета до Казорла, овој ја додава на прва, а Морено ја пука во гол. 

Јуначиште на сезоната кое со 36 години се врати на терен по пауза од 1.128 дена

Ја пропушти сезоната 2017/2018, 2018/2019 и скоро цела 2019/2020 поради една од најнепосакуваните повреди, а тоа е на коленото. На негови години секој би рекол стоп, толку е, но тука се работи за невидена упорност и неизмерна љубов кон клубот.

Му рекле потпишуваш со Барса, се спакувал и на пола пат му рекле не доаѓај

Управата на Барселона, конкретно спортскиот сектор веќе некое време работи непрофесионално а тоа се одразува и на резултатите. Последна заврзлама е во случајот со шпицот Седрик Бакамбу.

Ко ќе најдеш пари во џеб што не знаеш дека биле тука

По крајот од мечот Алавес - Виљареал 1:2, еден од малубројните гостински навивачи неочекувано доби дрес од домашниот фудбалер Лукас Перез. Ликот стоеше збунет и во неверување зошто баш него му го фрлил.

Ни сам не знае како му успеа ова

Алберто Морено, Еспањол - Виљареал, 9. коло од шпанска Ла Лига.