Само Златан може да даде таков одговор

Пред двомечот од баражот за ЕП меѓу Данска и Шведска, Данците не бираа средства да го омаловажат Ибрахимовиќ. Напаѓачот на ПСЖ им врати со три гола и со изјава со која ги натера да размислуваат.

Шведска се пласираше на Европско првенство. Првиот дуел против Данска заврши 2:1 со еден гол на Ибра, а реваншот во Копенхаген го реши истиот играч со два ефектни голови. Освен што го напаѓаа, навредуваа и омаловажуваа, Данците го праќаа Ибрахимовиќ во предвремена пензија а тој по мечот им одоговори:
„Јас во пензија? Да, слушнав дека Данците сакале да ме пратат во пензија. Наместо тоа, јас ја пензионирав цела Данска која ЕП ќе го гледа на телевизија. Многу од нив зборуваа како сум стар и слаб, но не изгледаше така“, после мечот изјави Ибракадабра.
Инаку ѕвездата на ПСЖ потврди дека од репрезентацијата на земјата која повеќе од 9 пати го бираше за најдобар фудбалер ќе се повлече по Европското првенство. После поразот оставка даде долгогодишниот дански селектор Мортен Олсен кој 35 години ја водеше репрезентацијата, а на негово место најверојатно ќе дојде Михаел Лаудруп.
„Судбината сакаше репрезентативната кариера да ја завршам на едно големо натпреварување. Им благодарам на сите за поддршката и се гледаме во Франција“, констатираше Ибрахимовиќ.
Со двата гола Ибра синоќа замолкна 40.000 навивачи на Паркен Стадиум во Копенхаген: