Рома и Манчестер Сити одат на сè или ништо

Најнеизвесна група во последното коло од првата фаза во ЛШ е групата Е, каде сите екипи се во игра за пласман во Топ 16 фазата. Баерн Минхен е сигурен со 12 бодови, а Рома, Сити и ЦСКА Москва имаат по 5 бодови и се во мртва трка.

РОМА - МАНЧЕСТЕР СИТИ 20:45

- Римскиот клуб победи на последните 3 натпревари на домашен терен против премиерлигашки екипи;

- Рома последен пат на Олимпико против англиски состав играше во сезоната 2008/09, кога единствено Франческо Тоти и Даниеле Де Роси од денешниот состав играа во победата од 3:1 над Челси;

- Манчестер Сити победи на последните 5 средби во сите натпреварувања, вклучувајќи го и пресвртот против Баерн Минхен 3:2, резултат кој ги остави во игра;

- Англичаните во Италија допатуваа без најдобриот стрелец, Кун Агуеро кој постигна 16 голови на последните 15 одиграни натпревари. Аргентинецот е повреден;

- Во 1984. година, Рома загуби во финалето од Купот на европските шампиони (денес ЛШ) од Ливерпул на пенали. Натпреварот се играше на Олимпико во Рим и по 90' минути заврши 1:1

- Манчестер Сити никогаш не победил во Италија и нивниот учинок на Апенините е 2 ремија и 2 порази;

- „Граѓаните“ последен пат славеле против италијанска екипа во сезоната 1978/79, кога во третата рунда беа подобри од Милан со 3:0; Сегашниот помошник тренер во Сити, Брајан Кид даде гол и на двата натпревари против Милан;

- Првиот натпревар меѓу двете екипи сезонава заврши 1:1. Отвори Агуеро од пенал во 4' минута, израмни Тоти во 23' минута;

Можни состави:

Рома: Де Сантис, Мајкон, Астори, Манолас, Холебас, Пјаниќ, Кеита, Наинголан, Жервињо, Тоти, Љајиќ.

повредени: Кастан, Торосидис, Скорупски

Манчестер Сити: Харт, Забалета, Компани, Мангала, Клиши, Фернандо, Фернандињо, Милнер, Јоветиќ, Насри, Џеко.

повредени: Настасиќ, Агуеро, Јаја Туре, Давид Силва.

ЧЕЛСИ - СПОРТИНГ ЛИСАБОН 20:45

- Со победата од 5:0 против Шалке 04 во Германија, Челси и теоретски обезбеди пласман понатаму. 

- Челси има 11 бодови, Спортинг 7, Шалке 5, Марибор 3, така што и тимот на нашиот Агим Ибраими има шанси да обезбеди Лига Европа на пролет, ако слави вечерва против Шалке.

- Мурињо и Челси се пласираа во следната фаза, по што Португалецот најави дека ќе им даде шанса на младите играчи, регистрирани за оваа рунда од ЛШ;

- Првиот дуел во Лисабон го доби Челси, со голот на Немања Матиќ;

- Португалскиот клуб победил само еднаш на последните 17 гостувања во Европа, а Челси минатиот викенд ја прекина серијата од 23 натпревари без пораз. Њукасл беше подобар од сините;

Можни состави:

Челси: Чех, Ивановиќ, Кејхил, Зума, Филипе Луис, Микел, Матиќ, Лофтус-Чек, Оскар, Ширле, Реми.

повредени: Аке', Тери, Азар, Вилијан

Спортинг Лисабон: Патрисио, Езгајо, Маурисио, Пауло Оливеира, Џонатан Силва, Вилијам, Адриен, Жоао Марио, Слимани, Мане', Кариљо.

повредени и казнети: Седрик, Нани, Џеферсон.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6 КОЛО: (Играј ги на типстер)

Група Е: Баерн Минхен - ЦСКА Москва, Рома - Манчестер Сити

Група Ф: Ајакс - АПОЕЛ Никозија, Барселона - ПСЖ

Група Г: Челси - Спортинг Лисабон, Марибор - Шалке 04

Група Х: Атлетик Билбао - Бате Борисов, Порто - Шахтјар Донетцк