Таг: руди гарсија

Врвниот стрелец кој паѓа во несвест од возбуда на сред терен

Еден од подобрите француски напаѓачи на денешницата, Бафетимби Гомис има прилично необјаснив случај - каде и оди дава голови, но кога менува средина паѓа во несвест. Лекарите велат дека ова е единствен ваков случај за професионален фудбалер.

Лани ги споредуваа со Бени Хил, денес се враќаат на сцена

Марсеј, со супер напаѓачкото трио Бафетимби Гомис, Димитри Паје и Флоран Тувен обезбедува место во Европа и амбициите во „најголемиот француски клуб“ стануваат сè повисоки. Такви ги поставува новиот газда од САД.

Манипулација од загревање на Думбија

Загревањето пред да се влезе во игра е важно за да се избегнат повреди. Не и за Сејду Думбија од Рома, кој против Интер повеќе стоеше во аголот и гледаше фудбал, отколку што се загреваше. Во јануари, Рома за него плати скоро 20 милиони евра кога дојде од ЦСКА Москва.

Денот Д во Серија А, Јувентус во Колосеумот

Ќе се затвори или пак ќе се отвори борбата за титулата во италијанското првенство? Ќе замине ли Јуве на 12 бодови предност или ќе се врати Рома на достижни 6 бодови негатива? Многу прашања, на кои одговорите ќе ги дознаеме вечерва пред полноќ. Не играат Погба и Пирло.

Падот на Римската волчица во три месеци

Невнимателна одбрана, стерилен напад и безидејност на клупата се причините поради кои „Римската волчица" на 14 кола до крајот веќе заостанува девет бодови зад лидерот Јувентус. Рома испадна од Копа Италија, а многу близу е и до простување со Лига Европа, по ремито со Феенорд минатата недела.

Рома кризира, еден месец не знае за победа

По вчерашната елиминација од Купот на Италија од Фиорентина (0:2), навивачите ги повикаа играчите на Рома и побараа од нив да не паѓаат во форма кога најмалку треба. Рома има проблем со повредени и отсутни играчи.

Рома и Манчестер Сити одат на сè или ништо

Најнеизвесна група во последното коло од првата фаза во ЛШ е групата Е, каде сите екипи се во игра за пласман во Топ 16 фазата. Баерн Минхен е сигурен со 12 бодови, а Рома, Сити и ЦСКА Москва имаат по 5 бодови и се во мртва трка.

Руди Гарсија ги исмеа фоторепортерите

На прес конференцијата во пресрет на дуелот со Баерн Минхен, Французинот не дојде до збор од блицевите што светкаа на секоја секунда, па реши да им покаже на новинарите како е да се седи од другата страна.

Како изгледа да си тренер на Рома

Французинот на клупата на Рома, Руди Гарсија носеше Гугл глас за време на второто полувреме од пријателскиот натпревар на неговиот тим и Орландо и го сними единствениот гол дело на Тоти. Дел од снимката Рома ја објави на својот Јутјуб канал за навивачите да можат да почувствуваат како e да си тренер на клубот.

Рома се предаде, Јувентус е шампион

По синоќешниот пораз од Наполи, тренерот на Рома, Руди Гарсија призна дека Рома повеќе нема шанси за освојување на првенството и Јувентус повторно ќе си ја одбрани титулата.

Како ранетата римска волчица се врати на врвот во Италија

Никој не очекуваше ваков развој на настаните во Италија. Рома е на првата позиција со максимален ефект по седум одиграни кола, а викендов изненади и со демолирањето на Интер среде Милано. Ова е приказната за човекот кој ја направи римската револуција.