Респект за банерот на Хајдук посветен на Скопје 63`

Од квалификациите за Лига Европа во Скопје од пред некоја година го издвојуваме ова:

Беше 25 јули, 2013 година, супер-жежок ден. Пет и пол саатот, јас таму како репортер, стандард со бокал вода и пакет семки. Играа Турново и Хајдук у квалификации за Лига Европа. Стандард, немаше апла народ.

Пред да почне утакмицата, гостите извадија транспарент за да покажат почит кон Скопје и катастрофата. Одма ја грабнав дигиталката што ја носев у ранец и го овековечив моментот, затоа што пораката ме изненади и говори сама по себе за големината на сплитскиот тим. #СкопјеСеСеќава

Фејсбук статус на Мартин Танасковски

Инаку неколку дена по катастрофалниот земјотрес во Скопје 1963-та, Хајдук одиграл хуманитарен натпревар против Рома, а парите од влезниците ги донирале за жртвите.

Инаку Турново во второто коло на домашен терен одигра 1:1, а на гости загуби 2:1. Мечот тука

27 јули 2020 - 08:09