Реал му го дава стадионот и цела заработка од карти на малиот клуб Унионистас

И покрај тоа што играчите и малубројните навивачи на шпанскиот нисколигаш Унионистас полудеа од среќа кога на ждрепката слушнаа дека ќе го пречекаат Реал во Купот на Кралот, сега може да има измени.

Унионистас би можел најверојатно да го смени домаќинството, па номинално да го пречека Реал Мадрид на неговиот стадион, на најголемиот храм на фудбалот „Сантијаго Бернабеу“.

Клубот Унионистас игра на стадиончето „Лас Пистас дел Елмантико“ кое собира околу 4.000 гледачи во трета лига. Во градот Саламанка игра и истоимениот далеку попознат клуб кој има стадион од дури 17.000 гледачи но поради лоши односи меѓу двата клуба, Унионистас нема намера да „прозбори“ со комшијата за да им го позајми стадионот.

Cadena COPE пишува дека Реал Мадрид е спремен и веќе им понудил на луѓето од Унионистас да заиграат на „Сантијаго Бернабеу“ а целиот приход од влезници ќе оди на сметка на Унионистас.

Останува да се види каде ќе се игра мечот од Копа дел Реј на 22 јануари и дали Зидан и играчите ќе патуваат до Саламанка или само неколку километри од Валдебебас до Бернабеу.

Еве каде ќе се пресоблекува Реал Мадрид ако се игра на стадионот на Унионистас.