Правилата на германскиот селектор за играчите на Светско

Еднаш јавноста дознала детали од внатрешната кујна за тактиката, Јоаким Лев бил бесен но „кртицата“ не можеле да ја најдат. Им дозволува да се напијат пиво или вино пред спиење и после натпреварите.

Германската фудбалска репрезентација во моментов се наоѓа на подготовки за Светското во Апијано (Јужен Тирол, Италија). На ова место Германците се спремаа и за Мундијалот 2010.

Пред да го освојат златото на Светското 2014, се спремаа исто во Јужен Тирол но не во Апијано туку во долината Пасарија. Таму имаат совршени услови за подготовки.

„Момците ги знаат нашите правила и нашите очекувања. Секој од нас е детал од една сложувалка. Потребно е сите да бидеме единствени, инаку никој од нас поединечно не може да стане светски шампион“, изјавил Јоаким Лев пред поаѓање во Јужен Тирол.

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ

Уважување

Најважното правило кое важи за сите во репрезентацијата. Паметиме како Јоаким Лев пред неколку недели жестоко реагираше на изјавата на Сандро Вагнер: „Очигледно дека мојата чесност и искреност не му се допаѓа на стручниот штаб на репрезентацијата“?

Лев кажал дека таквата изјава прво е неуважување кон играчите и дека секој има право на свое мислење: „Секој е должен да ја знае својата улога во тимот и да го закопа своето его некаде. Уважувањето е најважната работа за мене“, додал Лев.

Социјални мрежи

По скандалозните фотографии на Илкај Ѓиндоган и Месут Озил со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган германските медиуми кренаа тревога а играчите уште еднаш сфатија дека кон објавите на Facebook, Instagram, Twitter и Snapchat мора да имаат посериоѕен пристап.

Строго им е забрането да оставаат политички објави а исто и никако не смеат да објавуваат фотографии од хотелот каде престојува селекцијата или од соблекувалната. Повеќето играчи сега објавуваат фотографии само од тренинзите.

За посети од роднини, жени или девојки

Селекторот Јоаким Лев им дозволува на играчите за време на подготовките и самото Светско првенство да се гледаат со своите жени, девојки или семејство.

На прашањето за визитите менаџерот на репрезентацијата Оливер Бироф изјавил:

„Ако играчите сакаат да се сретнат со своите жени или семејства на шолја кафе, тие можат кога сакаат да дојдат во хотелот. Тоа ја оживува атмосферата. Играчите се посветени на својата работа и нашата главна задача“.

Но уште не е познато дали некој од роднините на играчите ќе патува на Светското во Русија.

Тајните и „кртови“

За време на подготовките и за време на Мундијалот никој не смее да раскажува детали од „внатрешната кујна“. Тој што ќе го наруши ова правило ќе биде казнет и може да биде вратен дома. За време на Европското 2012 некоја информација за тактиката излегла во јавност, Лев бил бесен но „кртот“ не го нашле.

Никакви агенти

Без согласност од селекторот Јоаким Лев ниту еден менаџер на играч не може да дојде во базата. Во летото 2014 Оливер Бироф ги предупредил агентите дека во време на Светско првенство нема што да бараат од своите клиенти. Лев сака неговите играчи да бидат посветени на турнирот.

Прецизност

Лев инсистирал сите играчи на време да доаѓаат на заедничките појадоци и ручеци. За него тоа е број еден од дисциплината.

Алкохол

Употреба на алкохол е можна но со мерка. Да се испие шише пиво или чаша вино пред спиење или после мечот не е забрането. Лев не забранувал ниту некој да запали цигара но во германската фудбалска репрезентација никој не пуши.