Победи на Белгија и Шкотска, дебакл на Хрватска

Пријателски натпревари одиграа и нашите противници од квалификациската група за пласман на Светското првенство во 2014. Белгија ја изненади Холандија, Хрватска на домашен терен загуби од Швајцарија, Србија ремизираше со Ирска, Шкотска ја победи Австралија, а Велс загуби од БиХ.

Нашиот прв противник во квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во Бразил 2014-та година, репрезентацијата на Хрватска беше непријатно изненадена од Швајцарија. Игор Штимац своето деби на клупата на хрватите ќе го памети по пораз на домашен терен од 2:4.

Следно наше гостување е во Шкотска, а таму синоќа Австралија прва поведе, но на крајот домаќините славеа со 3:1.

Пресврт направи и Белгија која губеше со 1:2, но успеа да ја победи Холандија со 4:2.

Србите во Белград тестираа со Ирска која требаше да ги „глуми" Велс и Шкотска, а овој натпревар заврши без голови.

Разочарување за своите гледачи приреди и репрезентацијата на Велс која на домашен терен загуби од Босна и Херцеговина со 0:2.

Во првото коло од квалификациската група А се среќаваат Хрватска-Македонија, Шкотска-Србија и Велс-Белгија.

Македонија - Литванија 1:0 (0:0)
Пандев 54

Хрватска - Швајцарија 2:4 (1:2)
Едуардо 20, 64 - Џака 11, Барнета 37, Гаврановиќ 51, 81/

Белгија - Холандија 4:2 (1:0)
Бентеке 20, Мертенс 75, Лукаку 77, Вертонген 80 - Нарсинг 54, Хунтелар 55

Шкотска - Австралија 3:1 (1:1)
Роудс 28, Дејвидсон 63аг, Меккормак 76 - Брешано 18

Велс - Босна и Херцеговина 0:2 (0:1)
Ибишевиќ 21, Стевановиќ 54

16 август 2012 - 08:22