Таг: сп 2014

Легендарната мундијалска седмица која не се заборава

Поминаа точно пет години од мечот кој како вчера да се играше. Домаќинот Бразил силен и наострен тргна по титула на СП 2014, ама во полуфинале за противник ја имаше немилосрдната Германија. Останотото е историја. Устрави само ова. Резултатот во 29-та минута го паметите? 5:0.

„Нема веќе фудбал како легендарниот Танго“ - голманите се жалат од топката за СП 2018

Пар светски врвни голмани се пожалија за квалитетот на официјалната фудбалска топка со која ќе се игра Светското во Русија. А не се први вакви поплаки за топка.

Вака ли ги замислуваш своите пет минути слава

Седиш 120’ минути на клупа за резерви и гледаш како твоите гинат во четвртфинале на Светско против Костарика. Ти се брани ти се плаче. Се повредува првиот голман и селекторот те става во игра пред пеналите. А таму... Тим Крул.

Некогаш кречел улица, сега е прв шпиц на Бразил

Како член на младинските категории на Палмеирас, малиот Габриел Жесус во 2014-та се придружил на акцијата фарбање улици и скали во боите на бразилското знаме во пресрет на Мундијалот во оваа земја. Ни самиот не бил свесен дека две години подоцна, тој лично ќе го води нападот и ќе биде прв стрелец на репрезентацијата.

Фудбалскиот пат на Филип Лам - најдобриот десен бек на XXI век

Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.

Гостиварчанецот од Србиново кој стана светски шампион

Арсенал во последните години важи за најшарениот клуб кога во прашање се националноста и религијата на играчите. Пред неколку дена меѓу „Топџиите“ стигна и фудбалерот кој сака да купи куќа во село Маврово и секоја година доаѓа во Гостивар.

Ја направи Белгија втора во свет и пак им смета

Селекторот Марк Вилмотс ја донесе Белгија од 54 до 2 место на ранг листата на ФИФА, но и покрај тоа јавноста и медиумите фрлаат дрвја и камења по него.

„Роденденскиот парадокс" на Светското првенство

Чудно е, но вистинито - во која и да е група од 23 луѓе постои 50% шанса двајца од нив да се родени на ист ден. На светското во Бразил има 32 екипи со по 23 луѓе, што е одличен терен за проверување на вистинитоста на ова тврдење.

Човекот кој го згази дриблерот ќе оди зад решетки

52 годишниот Американец, Скот Вон Хејт кој му го сруши сонот на најголемиот авантурист Ричард Свонсон кој со дриблање сакаше да патува една година за да го гледа Мундијалот во Бразил ќе му се суди за убиство.

Човекот што дриблаше го згази камион

Веста која планиравме да ја следиме и развиваме цела година ја затвораме за пет дена. Човекот кој со дриблање планираше да стигне на Светското првенство во Бразил го згази камион на автопат.

Дриблинг од Америка до Бразил

Ричард Свонсон, вљубеник во трчањето, фудбалот и крајбрежјето на Тихиот океан, започна со една необична авантура. Со топка ќе си трчка нешто повеќе од една година за да стигне на време на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Стадионите не им се спремни, но проститутките се подготвени

Домаќинот на светскиот фудбалски елитен собир мака мачи со изградбата на стадионите, а не се подготвени ниту за Купот на Конфедерации ова лето. Но затоа продавачките на љубов напредуваат се повеќе, а клиентите ќе ги пречекаат како полиглоти.

Помалку демократија е подобро за Светското првенство

Тоа се зборовите на генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке според кого премногу демократија не е на арно кога се организира едно Светско првенство.

Бразил го претстави наследникот на вувузелата

Организаторите на Светското првенство кое ќе се одржи во Бразил во 2014-та година, го претставија официјалниот инструмент на првенството. Не берете гајле, неговиот звук не е толку вознемирувачки како оној на вувузелата.

Победи на Белгија и Шкотска, дебакл на Хрватска

Пријателски натпревари одиграа и нашите противници од квалификациската група за пласман на Светското првенство во 2014. Белгија ја изненади Холандија, Хрватска на домашен терен загуби од Швајцарија, Србија ремизираше со Ирска, Шкотска ја победи Австралија, а Велс загуби од БиХ.