Перез го открија, Роналдо не е најскап играч во светот

Дилемата околу тоа кој е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот е разрешена. Кристијано Роналдо сепак останува втор, зад неговиот колега Герет Бејл.

Football Site Leaks кој се занимава со откривање тајни во фудбалот ги извади на виделина деталите од трансферот на Герет Бејл кој во летото 2013-та премина од Тотенхем во Реал Мадрид.

Документот ја содржи точната сум на пари која ја договориле овие два клуба, како и начинот на плаќање. Договорот паднал со исплата на 4 рати, од кои првата рата од 24,935,895 евра била исплатена 10 работни дена од приемот на трансферот.

Втората и третата рата ја содржеле истата сума која била исплатена на 24 јули 2014-та и 24 јули 2015-та. Им останува уште последната рата од 21.292.782 евра договорена за 24 јули оваа година.

Тансферот излегува дека е 99.743.542 евра и заедно со таксите од 1.015.875 евра вкупната сума исплатена за Велшанецот излегува дека е 100.759.417 евра.

Тоа се скоро 10 милиони евра од тоа што беше обелоденето во јавноста таа година. Флорентино Перез тврдеше дека го купил Герет Бејл за 91 милиони евра и со тоа трансферот на Роналдо од Манчестер Јунајтед во 2009 година за сума од 96 милиони останува на прво место.

Тотенхем е обврзан да не дава никакви финансиски детали за медиумите во врска за операцијата, а како компензација за тоа Реал Мадрид се согласува да не дава никакви негативни забелешки за нивниот клуб.

21 јануари 2016 - 10:57