Павков му ја спушти, Трајковски ја заврши и му донесе бод на својот тим

Македонскиот репрезентативец го спаси од пораз Ал Фејха во првата лига на Саудиска Арабија, две кола после оној еврогол од 40 метри.

Трајковски стрелаше во 80-та минута за конечни 1:1 против Ал Раед откако ја чепна топката по ударот на Милан Павков со глава, доволно за да ја насмери во гол.

Да, тој Павков, јунакот на Црвена Ѕвезда на која пред пет години и донесе сензационална победа во Лига на шампиони против Ливерпул и тоа со два гола.

Инаку на две кола до крај во првата лига во Саудиска Арабија, Ал Фејха е 12-ти на табела, а лидер е Ал Итихад кој му бега 3 бода на Ал Наср каде настапува Роналдо.

Трајковски сезонава има 4 гола и 3 асистенции.

Трајковски го постигна голот на кариерата од преку 40 метри

23 мај 2023 - 08:40