Таг: Александар Трајковски

Страшен еврогол на Трајковски, директно од корнер

Хајдук славеше 5:2 над МОЛ Фехервар во пријателски натпревар одигран во Умаг. Александар Трајковски влезе во второ полувреме и изненади со неодбранлив лоб од корнер, а Никола Серафимов беше стартер за гостинскиот тим.

Деби гол на Трајковски за победа на Хајдук

Маестрален ноемвриски старт за македонските напаѓачи. По Елмас и Миовски, мрежата ја тресе и Александар Трајковски кој со својот прв гол за Хајдук, му носи победа на својот тим против Рудеш од 1:0.

Асистенција на Трајковски за победа против Динамо и блескава кореографија на Торцида

Александар Трајковски ќе има убави спомени од првото хрватско дерби како играч на Хајдук. Влезе како џокер и асистираше за победа на големиот ривал Динамо Загреб.

Павков му ја спушти, Трајковски ја заврши и му донесе бод на својот тим

Македонскиот репрезентативец го спаси од пораз Ал Фејха во првата лига на Саудиска Арабија, две кола после оној еврогол од 40 метри.

Трајковски го постигна голот на кариерата од преку 40 метри

Каков Ал Наср, каков Роналдо. Погледнете го вие нашиот Алекс Трајковски кој навелемајсторски начин го претвори голманот во гледач. Македонскиот репрезентативец учествуваше со еврогол и асистенција за Ал Фајха кој го совлада Ал Фатех со 3:0. За него ова е трет сезонски погодок.

Голчиште на Трајковски против Роналдо за жал поништен поради офсајд

Ал Наср предводен од Кристијано Роналдо како фаворит одигра само 0:0 против Ал Фејха и се спаси од пораз кој за влакно не го запиша Александар Трајковски.

Не се брани овој волеј на Трајковски

Александар Трајковски ја крчка формата пред квалификациите за ЕП кои Македонија ги стартува следниот месец. Денеска го постигна третиот гол за Ал Феиха на дуелот против Ал Тавон во 18-тото коло во првенството на Саудиска Арабија. Ја заби силно и убедливо, таму каде голманот нема шанси.

Историски Кралски Куп за Трајковски и Ал Фејха кои направија сензација во Саудиска Арабија

Голем ден во кариерата за јунакот од Палермо кој синоќа го прослави првиот трофеј во кариерата, а тоа е воедно прв трофеј во клупската историја и за неговиот тим. На Алекс му тргна да ги изненадува фаворитите.

Најјаката коментаторска компилација со Трајковски на 17 јазици

Нека стои и нека се врти. Ова е врвно задоволство кое не здосадува. Сите урлаат.

Дрското голчиште на Алекс со пет коментатори

Нека седи ова величествено видео тука, запаметено и запечатено во историјата на македонскиот, ама и во италијанскиот фудбал. Трајко мајсторот на турски, шпански, арапски, англиски, ама и на македонски со коментар на колегата Бранко Илиевски кој го фативме во живо во новинарската ложа на Ренцо Барбера. Убавини.

Деби гол на Трајковски во Саудиска Арабија

Македонскиот репрезентативец удри сефте во новата фудбалска средина за Ал Феја. Со својот прв гол, Александар Трајковски им помогна на своите да се пласираат во полуфиналето од кралскиот Куп. Славеа против Ал Батин со 2:1, а тој го постигна првиот гол на мечот по една убава асистенција.

Мајорка, Леванте и Рајо добро се офајдија од Македонија на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација дебитираше летово на Европското првенство кое се одигра во 12 земји, а од историското учество ќар имаа и три екипи од Шпанија.

Заглави во Мајорка на клупа, ама растура за Македонија

Да се вратиме на убавите работи поврзани за македонската фудбалска репрезентација која синоќа го доби вториот најдобар стрелец во историјата, а тоа е Александар Трајковски кој исто така ги славеше головите пред камера ама покажувајќи срце.

Кога Барди, Пандев и Трајковски им ја сокрија топката на Лихтенштајн

Вечерашниот противник во второто квалификациско коло за Мундијалот во Катар ни е редовен пациент, а последен пат игравме против нив во групната фаза од Лига нации. На Градски славевме 4:1, а најубавиот момент на мечот беше оваа акцииште преку кое го отворивме резултатот.

Браво за Трајковски, одличен гол од 20 метри за Мајорка

Конечно шанса во првиот тим за македонскиот репрезентативец кој ја искористи и покажа дека е калибар на напаѓач кој знае сам да се избори за гол позиција надвор од шеснаесетник.

Како македонските напаѓачи разбиваат монотонија по дома

Фудбалерите смислија предизвик кој почнаа да го шират од дома за време на карантинот. Го практикуваат многу играчи, а конкретно овој се однесува на напаѓачите. Кај нашите го почна Нестор.

Панчев, Пандев и четворица други - шесте Македонци кои давале голови во Серија А

Легендарниот Кобра го отвори патот за Македонците во најдобрата италијанска лига, а Пандев го поплочи со мермер. Ќе остане забележано дека и некои помлади фудбалери постигнале макар еден гол во Серија А.

Како Мајорка го најави новото засилување од Македонија

Се избација со видео старо 8 години, ама на зарибана лента. На снимката Александар Трајковски и Анте Будимир, тогаш како македонско-хрватско дуо во Интер Запрешиќ, кое сега ќе биде нов тандем во Мајорка. Штосна идеја на шпанскиот прволигаш со довчерашните напаѓачи на Палермо и Кротоне.

Тежок удар за клубот на Несторовски и Трајковски, Палермо исфрлен во Серија Ц

Поради катастрофално водење на клубот од управата, целиот макотрпен труд на македонските репрезентативци паѓа во вода. Палермо сонуваше враќање во Серија А со Нестогол и Алекс, а денес стигна гром од ведро небо.

Растур систем на Нестор и Алекс за 2 минути

За Илија Несторовски и Александар Трајковски нема време за чекање и кога ќе им тргне растураат во напад. Палермо води 2:0 против Читадела со нивните два гола во 21-ва и 23-та минута. На вториот Нестогол му асистира на својот сонародник.

Палермо не може без македонското дуо во напад

Само шест дена откако Палермо одигра нерешено благодарение на нивниот придонес, Нестогол и Трајковски повторно беа главни актери на терен, овој пат и двајцата како стрелци.

Нестогол проигрува, Трајковски гаѓа од 20 метри

По пауза од месец и половина, Александар Трајковски погоди за Палермо. Акцијата ја створија двајцата Македонци во 14 минута, но радоста траеше само една минута, бидејќи Падова која е на дното на табелата израмни на 1:1. Уште 4 кола во Серија Б каде Сицилијанците водат тешка битка за една од првите две позиции кои водат директно во прва лига.

Кога Иле не гаѓа тука е Алекс

Палермо има водство против Лече од 2:0. Стрелец на првиот гол е Александар Трајковски на кој му треба само 4 минути да го отвори резултатот.