Браво за Трајковски, одличен гол од 20 метри за Мајорка

Конечно шанса во првиот тим за македонскиот репрезентативец кој ја искористи и покажа дека е калибар на напаѓач кој знае сам да се избори за гол позиција надвор од шеснаесетник.

Александар Трајковски стигна до деби погодок сезонава во дресот на Мајорка која одигра 2:2 против Фуенлабарда во Купот на Шпанија.

По 11 минути игра Алекс го мрдна својот чувар и го убав гол го матираше голманот од позиција од каде редовно им се закануваше на голманите додека играше за Палермо.

За нашиот напаѓач ова е втора сезона во Мајорка каде направи трансфер во август 2019-та, но добива многу мала минутажа.

Сезонава има 11 настапи во првенство и 4 во Купот, но обично влегува од клупата за резерви.

Мајорка не успеа да мине на пенали.

7 јануари 2021 - 09:20