Голчиште на Трајковски против Роналдо за жал поништен поради офсајд

Ал Наср предводен од Кристијано Роналдо како фаворит одигра само 0:0 против Ал Фејха и се спаси од пораз кој за влакно не го запиша Александар Трајковски.

Дуелот меѓу двете седумки заврши без голови, што е голема штета особено кога ќе го видите прекрасниот погодок на Трајковски во 21 минута, поништен поради офсајд.

Според арапските извештаи, македонскиот репрезентативец кој го одигра цел натпревар бил еден од најдобро оценетите играчи во својот тим, а Роналдо ја пружил една од најслабите парти без ниту една шанса за гол.

Ал Наср останува втор на табела со 53 бода и 3 бода помалку зад лидерот Ал Итихад. Ал Фелха се 11-ти.

Роналдо беше лут и нервозен после натпреварот

10 април 2023 - 08:21