Неверојатната животна сторија на Луис Суарез и неговата жена

Од својата рана возраст, кога имал 14 години па до ден-денес Луис Суарез најголемата поддршка во животот ја имал од својата некогашна девојка а денес сопруга Софија со која поминал неверојатен пат.

Луис Суарез имал седум години кога семејството во потрага по подобар живот, се преселило од Салто (втор град по големина во Уругвај) во престолнината Монтевидео.

Но со работата и парите не тргнало добро: родителите се расправале, викале и после две години се развеле. Во семејството Суарез имало седум деца - пет машки и две девојчиња кои останале со мајката.

Единствена радост за малиот Луис бил фудбалот. Долгата улица каде им бил домот во реонот La Comercial, малиот Суарез ја сметал како игралиште:

„Од една страна имаше дрво лимон кое го посади баба ми. А од другата страна големи сиви ѕидови, бодликава жица и зградата на женскиот затвор. Меѓу нашиот дом и затворот имаше земјена подлога - таму игравме фудбал“, се сеќава Суарез на детството во главниот град на Уругвај.

Родителите на Луис не пазеле многу на децата. Мајката работела макотрпно како чистачка на железничката станица за да заработи, а таткото менувал една по друга работа.

„Немаше да седнам и да поразговарам со родителите на маса, да ми кажат: ’Слушај, сине, кога ќе пораснеш да го цениш тоа што го имаш’, или ’Никогаш не заборавај на своите корени’ или ’Школото е најважно’. Тие живееја разделени, ние бевме многу. Мајка ми работеше по цел ден, татко ми исто цел ден на работа и никогаш не добивав родителски совети: како треба да живеам, како да се справам со годините кои доаѓаат. Би бил среќен ако имав такви разговори како дете“.

Советите никогаш не дошле. Но затоа на 15 години се појавила таа - две години помлада, од богата фамилија, добра, пристојна и убава. Како од друг свет за Суарез.

„Во Софи се вљубив на прв поглед“, секогаш со насмевка признава Уругваецот.

 

ГО ТЕРАЛА ДА УЧИ, А НЕГО МУ БИЛО КРИВО ШТО НЕ МОЖЕ ДА Ѝ ПОДАРИ НЕШТО

На Софи не и сметало што кога го запознала Луис, тој работел како чистач. Често разговарале во големото друштво и скоро Суарез ја поканил да излезат во трговски центар.

„Врнеше неверојатен дожд и Софи беше цела накисната. Јас сув некако влегов во казиното со апарати. Не знаев дека таа ќе ме чека надвор. После некое време таа си отишла и заѕвонила кај мене дома да дознае што се случи. По пат засипнала. Сестра ми и кажала: ’Не е тука, мислам дека отиде да се најде со девојка му“.

Софи премрзната и настината не сфатила дека таа девојка всушност е самата она. Уште не е познато дали на крајот се сретнале, но Софи кратко му била лута на Луис, затоа што сфатила дека тој знае само за фудбалот и за неа.

Софи живеела во Солимар (кованица од зборотивте „сонце“ и „море“) - крајбрежен град на 23 километри од Монтевидео.

Луис многу сакал да оди кај неа на гости но секогаш имал проблем со пари. Бесмислено било да бара од браќата и мајка му, па го помагала најстарата сестра Џована. Кога ѝ таа му откажала, Суарез побарал 40 пезоси (толку требале за автобуска карта за натаму и наваму) од шефовите на славниот клуб Насионал каде тренирал како дете:

„Барав пари од еден од раководителите на клубот, Вилсон Перез. Кога не беше тој, спонзор на моите гледања со Софи ќе беше другиот шеф, Хозе Луис Еспозито. Пред секој натпревар барав неофицијални бонуси: „Ќе ми дадете ли 20 пезоси (50 денари) ако дадам гол“?, се сеќава Суарез.

 

Тоа било доволно за патот до кај Софи и назад .

Богатите родители на Софи биле маѓепсани од романтиката на Луис, тој ги освоил со неговата снаодливост. Бил толку слободен кај нив дома што слободно можел да си отвори фрижидер или да види што има за него во кесите од маркет.

„За среќа ја шармирав мајка и. Ако ќерка ми на 13 години донесе 15-годишен дечко кој доаѓа од сомнителните реони, јас не би бил така добар со него. Но нејзините родители не само што ме прифатија, туку и им се допаѓав. Кога татко и на Софи беше на работа, јас и помагав на мајка и дома - на пример пуштав бојлер, чистев, средував. Кога се каравме со Софи мајка и секогаш беше на моја страна. Мислам дека ме ценеа затоа што силно сакав да се гледам со Софи“, памети Суарез.

Но Луис никогаш не им признал дека му фалат пари и доцна навечер дома се враќал со автостоп, а рано сабајле тешко станувал за да стигне на тренинг во Насионал.

Средбите со Софи малку го тргнале од фудбалот. На 14 години дал 8 гола на 37 меча и малку фалело да го избркаат од клубот. Тренерите на Насионал се жалеле дека не им треба дете кое кисне надвор цела ноќ па доцни на тренинг.

Како-така му дале шанса. Софи набрзо го оттргнала од глупостите, го контролирала по телефон, па дури и го терала да учи.

„Одев во школо но таму завршуваше мојата желба за знаење. Бев ужасен ученик, не се потресував многу и изигрував будала. Софи ме прашуваше: ’Зошто уште си втора година средно’?

Суарез два пати паѓал втора година и на крајот го запишале во вечерно школо.

„Во светот на Софи ти мора да учиш. Ми помагаше со домашните задачи, цело време викаше: ’Ти не си глупав, само си мрзлив’. Првпат во животот некој да ме поддржи. Софи сакаше да ми помогне, ми викаше дека животот е полн со можности. Сакаше да ми докаже дека не е се во фудбалот и дека може и да учам паралелно. Не и беше целта само да биде со мене, туку и да ме направи подобар. И ги покажував задачите па ми исправаше грешки. Ми отвори еден нов свет кој се разликуваше од оној во кој се продаваат телефонски картички за да собереш некоја паричка за автобус и да чекаш автостоп назад сред ноќ.“ 

На Луис му тежеле две работи: тоа што ие неуреден и што не може да ѝ дарува на Софи нешто убаво.

Еднаш смислил план како да заработи некој денар но планот не му успеал: „Сакав да заработам за да си дозволам што сакам. Во Насионал фудбалерите се собираа на стадионот а од таму со автобус одеа 45 минути до базата за тренинг. Кој живееше далеку, клубот му плаќаше пат. Еднаш ги излажав дека сум се преселил во друга населба подалеку, за да ми дадат пари со кои ќе одам до кај Софи и назад. Тоа ќе беше идеално, ама не ми успеа“.

САКАЛ ДА ОДИ ВО ЕВРОПА ЗОШТО ТАМУ ОТИШЛА СОФИ

Барселона

На 16 години Луис целосно му се посветил на фудбалот. Ги баталил сите стари хобија со картичките и телефоните но тогаш се случило нешто неочекувано.

Во 2002 година пропаднала банката во која работел татко и на Софи и тој останал без работа. Брат му од Шпанија им предложил да се преселат во Барселона и семејството набрзо ги пакувале куферите.

Луис бил скршен. Веќе се простувал со другарите во Салто, преживеал разделба на родителите и не можел да издржи уште една тешка разделба.

„Не ми остана ништо. Имав 16 години кога се поздравив со Софи, мислев дека веќе никогаш нема да ја видам. Дента пред да заминат кај неа имаше гости, пријатели, роднини, па решивме да прошетаме. Се сеќавам дека стоевме кај оградата и и кажав: ’Не ми се верува дека веќе нема да се видиме’. Во моето семејство знаеја колку е заслужна Софи за мене и мајка ми го ценеше нејзиното семејство за се што направија за мене и ме насочија на прав пат. Сите знаеја колку ќе ми биде тешко“.

Кога ја виделе Софи расплакана, родителите ја советувале во Барселона да научи некоја професија и да се врати да работи во Уругвај кај Луис. Софи никогаш не сакала да стане фризерка, но сметала дека тоа е најкраток пат до дома. Татко и бил незадоволен и мислел дека ќерка му ќе го смени планот.

Кога одлетале за Барселона, Суарез плачел: „Ми даде проштална тетратка со стихови на песни а јас ридав кога ги читав. Мислев дека е готово меѓу нас. Како од Уругвај ќе одам во Барселона ако немам скршен денар за пат до Солимар? Сега веќе не ми требаше да продавам сликички за да стигнам кај Софи - сега ми требаа пари за да и се јавувам.

После еден месец ми се јави и ми призна дека и е многу тешко без мене: „Ако не дојдеш до крајот на годината, веќе нема да се видиме“. Ми кажа дека морам да направам се што можам за да се сретнеме.

Во декември 2003 година Луис бил најсреќен во животот: неговиот менаџер му платил пат до Барселона и назад а постариот брат му дал 60 долари да му се најдат. Така Луис Суарез првпат ги напуштил границите на Уругвај.

„Патот беше долг, но на крај сфатив што сакам во животот и кариерата. Морав да играм во Европа за да бидам близу до Софи“.

ГО НАУЧИЛА НА ЗДРАВА ИСХРАНА

Во 2005 година Суарез заиграл за првиот тим на Насионал, а после една година во трофејниот состав од Монтевидео, дошле скаутите на холандски Гронинген.

Нив им бил интересен некој чилеански напаѓач од другата екипа, а за Суарез не знаеле ништо. Но слушнале толку многу за чудесниот талент, па решиле да го снимаат и 19-годишниот Луис.

„Се боревме за титула а јас го одиграв најдобриот меч таа сезона. Не знаев дека ме гледаат а и никогаш претходно не слушнав за Гронинген. Но сакав да бидам поблизу до Барселона а Монтевидео не беше блиску“.

Холанѓаните биле воодушевени од Суарез и го сакале по секоја цена. Кога потпишал договор со Гронинген прва работа што направил и се јавил на Софи и кажал дека нема да може да се враќа брзо во Ургувај.

„Појди со мене, веднаш ајде.
- Ти да не си полудел? Имам 16 години, немам ни карта за авион ни облека ништо. Што ќе каже татко ми?“

На крајот ја убедил, купил карта и за неа и полетале.

„Планиравме Софи да остане една недела но таа остана засекогаш. Во авион со себе немаше ни облека ни багаж. После една недела се врати во Барселона да си ги собере работите“, се сеќава Луис Суарез.

Без Софи тој самиот не би можел да издржи во Европа. На првиот тренинг на Гронинген се појавил со 5 килограми повеќе и го збеснал тренерот Рон Јанс: „Ти мора да ослабеш до 83 килограми! Килограм повеќе и ќе те избркам!

Луис не знаел ништо за правилен начин на исхрана па Софи му кажувала што да јаде, што да пие и читала лекции за калории и јаглехидрати.

„Следниот пат кога се меревме, вагата покажа 83,4 килограми и Рон ми го прости вишокот од 400 грама“.

 СОФИ БРЕМЕНА ПОМИНАЛА ИЛЈАДА КИЛОМЕТРИ ЗА ДА БИДЕ ДО НЕГО

По неверојатните партии во дресот на Гронинген каде стана најдобар играч во лигата, Луис наскоро потпиша со Ајакс каде помина четири години: на 110 меча постигна 81 гол и стана најдобар стрелец во лигата.

Во Амстердам поминале најубав период од животот. Живееле на брегот од едно езеро, им било многу пријатно. Притоа играл за еден од најголемите европски клубови.

На 16 март 2009 година Луис и Софи направиле голема свадба а на два месеци до раѓање на ќеркичката Делфина Суарез, Луис бил на Светско првенство во Јужна Африка. После првиот меч во групата (0-0 против Франција) Софи отпатувала во Барселона кај нејзините во седми месец од бременоста.

„Ѝ ѕвонев после секој меч. Во Барселона беше топло, таа практично не излегувала од дома, ја мачела бременоста. Се случувало да не може да ги поднесе моите натпревари и не можела да збори. Мајка и и татко и ми викаа: „Се е добро, имаше мали болки но сега одмара“.

Кога во август се родила ќерката Суарез специјално дошол во Шпанија, поседел неколку дена и се вратил во екипата. Софи толку многу сакала да биде со него што во еден момент не издржала и штотуку породена тргнала со кола кај него во Амстердам.

Првпат на Островот во Велика Британија

Поддршката на Софи била најважна за Луис и во Ливерпул. По трансферот тежок 26,5 милиони евра Суарез очекувал голема прес-конференција за претставуањето, но се поминало скромно.

„На мојата презентација не дојде никој. Мислев дека на „Енфилд“ ќе се собере многу народ, ќе излезам во црвениот дрес и ќе жонглирам на центарот од теренот. Но имаше малку новинари кои поставија пар прашања на кои одговаравме заедно со Енди Керол“.

Во првата сезона во Англија Луис го обвинија за расизам (кога го нарекол Патрис Евра Negro) и го суспендираа 8 натпревари. Во 2013 година избил нов скандал: англиските медиуми објавиле фотографии на кои се гледа Суарез како носи гајби пиво.

„Моите дојдоа од Уругвај, а семејството на Софи од Барселона. На гости ни дојдоа Филипе Кутињо и Лукас Леива со своите семејства. Дома имавме многу гости околу 40 луѓе. Со Кутињо отидовме во маркет да купиме пијалаци, тој носеше пакет безалкохолни пијалаци а јас пред него со пиво. Луѓето пишуваа - гледајте како живее овој. После тоа набрзо потпишав нов договор“.

За пар месеци стана најскапо платен играч на клубот а набрзо по втор пат стана татко. Му се родил син кој го крстил Бенџамин. На следниот натпревар на Ливерпил против Кристал Палас Суарез се појави со синчето и постигна гол во победата од 3:1.

****

Во јули 2014 година се остварил животниот сон на Софи и на Луис Суарез: заедно се преселија во Барселона. Тоа едвај го чекале и нејзините родители а славниот клуб од Каталонија новата ѕвезда во нападот.

Суарез и натаму реди голови како од шега (во јануари годинава стана првиот играч кој најбрзо постигнал 100 голови за Барселона), а Софи со жената на Меси Антонела Рокуцо се занимава со ланец бутици Sarkany коишто го отвориле заедно во мај 2017.

Луис Суарез на мечот против Саудиска Арабија го постигна победничкиот гол со кој Уругвај се пласираше во осминафинале на Светското првенство и го ја стави топката под дресот за да покаже дека со Софи очекуваат трето дете.