Нестор и Ван Дер Варт со силни зборови за великанот

„Македонија нема да може никогаш да му се оддолжи“, напиша Илија Несторовски. „Пандев е како Јохан Кројф за Македонија“, изјави Рафаел Ван Дер Варт.

Не спласнуваат импресиите и емоциите од првиот настап на Македонија на Европско, а особено од испраќањето на Пандев во репрезентативна пензија.

Човекот со беспрекорна борба на речиси 38 години за националниот дрес и со потези со натпросечна фудбалска интелигенција.

Поранешната ѕвезда на Ајакс, Реал Мадрид, Тотенхем, Ван Дер Варт кој е врсник со Горан, но се повлезе од селекцијата на Холандија во 2013-та, за нашата легенда го рече следново.

„Пандев е како Јохан Кројф за Македонија“

„Мислам дека тоа беше одличен гест. Имав морници кога излегуваше од терен, за малку и не пуштив солза. Мислам дека е прекрасно играчи како него да бидат испратени на таков начин“.

Со посебен Фејсбук статус му се заблагодари и неговиот репрезентативен другар:

„Нема зборови за да се опише неговата големина. Во Италија е фудбалско божество. Во земјата каде играа Марадона, Зидан, Ван Бастен, Дел Пјеро... Тоа е големина, тоа е величина, тоа е икона, тоа е легенда“.

23 јуни 2021 - 11:47