Важни бројки од ерата на Берлускони во Милан

Италијанските медиуми ги извадија најважните податоци од 30-годишното владеење на Берлускони со Милан, кој неколку сезони не наликува на екипата која царуваше со Европа.

- Милан под водство на Берлускони до денешен ден одиграл 1474 натпревари (или 133.300 минути, 92,5 дена фудбал).

- 760 победи, 414 нерешени, 267 порази.

- 2.484 освоени бодови (1,83 по меч).

- 2.352 дадени гола, 1.336 примени.

- Највисоката победа на Милан откако Силвио Берлускони е прв човек на клубот датира од 24. мај 1992. година, Фоџа - Милан 2:8. Имаше победи и од 6:0 и една од 7:1.

- 305 играчи биле регистрирани за Милан, а 168 од нив даде макар по еден гол.

- За Милан играле фудбалери од 38 земји.

- Најмногу легионери дошле од Бразил (25).

- Тренер со најдобар бодовен учинок во просек е Фатих Терим кој освоил 2,077 бода од натпревар (Мауро Тасоти само еднаш го водел тимот како главен тренер и победил).

- Тренер кој најдолго го водел Милан е Карло Анчелоти (420 меча).

- Играч со најмногу настапи за Милан под водство на Берлускони е Паоло Малдини (870).

- Играч со најмногу освоени трофеи е поранешниот капитен Паоло Малдини со 26 пехари.

- Најдобар стрелец во ерата на Берлускони е Андреј Шевченко со 174 голови.

- Најскапо платен играч од Берлускони е Руи Кошта, платен 80 милијарди лири или 52,6 милиони евра.

Најголемите успеси во ерата на Берлускони: