На која репрезентација што и треба во последното коло?

Денес започнува третото последно коло од групната фаза на Светското првенство. Шест тима се квалификуваа а има уште 10 слободни места. Да ѕирнеме на кој што му треба.

Според правилникот на ФИФА во случај селекциите да имаат ист број на бодови не се гледа меѓусебниот дуел, туку: 1. Гол разлика и 2. Дадени голови.

Во случај и тогаш да бидат изеднечани според наведените критериуми тогаш нивниот поредок се одредува по следните ставки:

4. Подобро ќе биде рангиран оној тим којшто освоил повеќе бодови во меѓусебниот натпревар (или во сите меѓусебни натпреари ако се работи за три или четири тима во прашање).

5. Ако и по оваа ставка горе се изедначени, тогаш се гледа гол разликата но само на мечевите кои ги одиграле тимовите чиј пласман треба дополнително да се одреди.

6. Во случај и тогаш да не може да се одреди кој е подобар, се гледа кој дал повеќе голови во меѓусебниот натпревар.

7. Ако и по ова се изедначени, подобро ќе биде пласиран тимот кој има повеќе фер-плеј бодови кои се одредуваат според јавните опомени во групната фаза: секој жолт картон е минус еден поен, а ако играч добие два одвоени жолти картони тоа е минус три бода. Директен црвен картон е минус четири бода а жолт па веднаш директен црвен е минус пет бодови.

8. Последна ставка е ждрепка на Организациониот одбор на ФИФА - во случај сите варијанти да бидат исцрпени.

Група А

Овде Русија и Уругвај се пласираа понатаму. Русија ќе оди како прва ако избегнат пораз од Јужноамериканците.

Понеделник 25 јуни:

16:00 Саудиска Арабија - Египет (Волгоград Арена)
16:00 Уругвај - Русија (Самара Арена)

Победникот на Групата А ќе игра со второпласираниот во Група Б. А вториот од Група А ќе игра со победникот на Група Б.

Група Б

Овде е многу покомплицирано:

- Шпанија со бод против Мароко денес, сигурно оди понатаму.

- Ако Шпанците изгубат од Мароко, ќе одат понатаму само ако Португалија го победи Иран или ако Португалците убедливо изгубат. Постои варијанта и по која ако Португалија и Иран одиграат нерешено со помалку голови а Шпанија изгуби со не повеќе од еден гол разлика - „Фуријата“ така оди понатаму.

- Португалија ќе се квалификува и со нерешено против Иран денес.

- Ако Португалија и Шпанија изгубат, тогаш тимот кој изгубил поубедливо ќе биде елиминиран. Ако и двете селекции победат, репрезентацијата која славела поубедливо ќе заврши прва во Групата Б.

- И Шпанија и Португалија имаат ист број на бодови, иста гол разлика и ист број на дадени погодоци - ги дели само Фер Плеј учинокот (Шпанија има еден жолт картон а Португалија два жолти).

- Иран ќе оди понатаму само ако ја победи Португалија - во тој случај Иранците ќе бидат дури и први ако Шпанија ремизира со Мароко.

Понеделник 25 јуни

20:00 Иран - Португалија (Мордовија Арена)
20:00 Шпанија - Мароко (Калининград)

Победникот од оваа група ќе игра со вториот од група А, а второпласираниот со првиот од група А.

Група Ц

- Франција е сигурна во следната фаза а бод против Данска утре ќе значи дека завршуваат први во групата.

- Бод освоен против Франција ќе значи и пласман за Данска во случај Австралија да не го победи Перу. Данците ако ја победат Франција ќе бидат сигурно први во групата.

- Австралија може да оди понатаму само ако го победи Перу и да се надева Данска да изгуби со повеќе голови поради гол-разликата.

Вторник 26 јуни:

16:00 Данска - Франција (Лужники Москва)
16:00 Австралија - Перу (Сочи)

Победникот од оваа група ќе оди на вториот од групата Д а вториот ќе игра против првиот во група Д.

Група Д

- Овде Хрватска се пласираше во осминафинале и ќе биде победник во група со само еден бод од мечот со Исланд.

- Нигерија ќе се квалификува со победа над Аргентна а бод на Африканците ќе им биде доволен само ако Исланд не ја победи Хрватска.

- Ако Аргентина и Нигерија ремизираат, Исланд ќе оди во осминафинале ако ја победи Хрватска со два или повеќе гола разлика и да даде макар гол повеќе од Нигерија во последното коло.

- Аргентина оди во осминафинале само со победа против Нигерија и Исланд да не слави со Хрватска. Ако Исланд ја победи Хрватска, тогаш тимот на Хорхе Сампаоли уште ќе имаат шанси да се пасираат но само ако ја победат Нгиерија со два гола повеќе од евентуалниот триумф на Исланд.

- Ако и Аргентина и Исланд победат и завршат со идентичен број на бодови тогаш ќе се гледа фер-плејот а ако и тогаш се изедначени, ќе се оди на ждрепка во Организацискиот одбор на ФИФА.

Аргентина има три жолти картони а Исланд нема ниту еден.

Вторник 26 јуни

20:00 Нигерија - Аргентина (Крестовски стадион, Санкт Петербург)

20:00 Исланд - Хрватска (Ростов Арена, Ростов на Дон)

Победникот во Група Ц ќе оди на вториот од група Д, а вториот од група Ц ќе игра против првиот во група Д.

Група Е

- Нерешено за Бразил против Србија ќе биде доволно за место во нокаут фазата.

- Ако Бразил и Швајцарија победат тогаш победник на групата ќе биде одреден според дисциплинскиот скор: Бразилците имаат три жолти, Швајцарија има четири. Ако и двете репрезентации изгубат тогаш кој ќе биде втор а кој трет ќе се одлучи по истиот принцип на бодови од фер-плејот.

- Швајцарија ќе се пласира понатаму и со бод против Костарика но во случај Србија да изгуби од Бразил.

- Ако Швајцарија изгуби со еден гол разлика а Србија одигра нерешено, второто место ќе биде одлучени според постигнатите голови. Ако завршат идентично по сите параметри, тогаш Швајцарија ќе оди понатаму поради подобриот меѓусебен скор.

Среда 27 јуни

20:00 Србија - Бразил (Откритие Арена, Москва)

20:00 Швајцарија - Костарика (Нижни Новгород)

Победникот од група Е ќе игра против вториот од група Ф а првиот од група Ф ќе игра против вториот од група Е.

Група Ф

- На Мексико му треба само бод против Шведска за да се квалификува и да остане прв во групата. Мексиканците ќе одат понатаму без разлика на нивниот резултат, само ако Германија не ја победи Јужна Кореја.

- Шведска гарантирано оди во нокаут фаза ако победат убедливо во последно коло против Мексико, односно да победат со макар гол повеќе од Германците.

- Германија ќе обезбеди пласман во осминафинале ако победи со два или повеќе голови што во превод значи макар гол повеќе од резултатот на Шведска против Мексико.

- Ако и Шведска и Германија ремизираат, тогаш понатаму ќе оди тимот кој дал повеќе голови на сите три меча. Ако и тогаш се изедначени, Германија оди понатаму затоа што ги победија во меѓусебниот натпревар.

- Јужна Кореја може да се квалификува само ако ја победи Германија а Шведска изгуби со два или повеќе голови од Мексико.

Среда 27 јуни

16:00 Јужна Кореја - Германија (Казањ Арена, Казањ)

16:00 Мексико - Шведска (Централен Стадион, Екатеринбург)

Победникот на група Ф ќе игра против второпласираниот во група Е а оној кој ќе заврши втор во група Ф ќе игра со првиот од група Е.

Група Г

- Англија и Белгија се квалификуваа понатаму без поголеми проблеми а и двете селекции имаат буквално идентичен учинок, бодови и гол разлика пред нивниот меѓусебен дуел.

- Ако одиграат нерешено, тогаш кој ќе биде прв а кој втор ќе се одлучи од бројот на добиени картони. Англија има два жолти, а Белгија има три.

- Ако и двата тима имаат ист број на бодови според фер-плејот тогаш на ждрепка ќе се одлучи кој ќе биде прв а кој втор.

Четврток 28 јуни:

20:00 Англија - Белгија (Калининград)
20:00 Панама - Тунис (Мордовија Арена, Мордовија)

Победникот од групата ќе игра против вториот од група Х, а второпласираниот од групата ќе игра против првиот во група Х.

Група Х

- На Јапонија и Сенегал им треба само по бод против Полска и Колумбија за да се пласираат сигурно во следна фаза.

- Колумбија сигурно ќе се квалификува со победа над Сенегал.

Четврток 28 јуни:

16:00 Јапонија - Полска (Волгоград Арена)
16:00 Сенегал - Колумбија (Самара Арена, Самара)

Победникот од оваа група ќе игра против тој што ќе заврши втор во групата Г. Второпласираниот ќе игра со победникот на група Г.