На Феенорд не му се пишува добро

На клубот од Ротердам му следува драстична казна од УЕФА, откако по нередите во Рим, навивачите на Феенорд не се смирија ниту вчера на својот „Де Кајп“. Во Рим уништуваа фонтани од историска вредност, а вчера имаа расистички испади и неколку пати го прекинуваа дуелот со Рома.

Рома го победи Феенорд во Ротердам 2:1 и Холанѓаните испаднаа од Лига Европа, но сега се поставува прашањето кога повторно ќе играат, по сè што направија нивните навивачи.

Да почнеме со ред. Првата срамна епизода вчера се одигра во 38' минута од првото полувреме. Натпреварот беше прекинат на кратко, затоа што од трибина падна балон во форма на банана, која многумина ја сфатија како расистички испад во однос на Жервињо од Рома.

Францускиот судија, Турпин на три пати кај делегатот носеше фрлени запалки и разни предмети. По водечкиот гол на Адем Љајиќ во 46' минута од првото полувреме, домашната публика на теренот фрлаше запалки, наочари, чадори за дожд и мобилни телефони.

Кулминацијата следуваше во рок од само три минути, кога Феенорд остана без двајца играчи. Во '54 минута беше исклучен те Верде, а во '57 црвен картон доби Ману откако постигна, по што навивачите на Феенорд бурно реагираа и во еден момент кренаа балони во вид на банана.

Со оглед на тоа дека Феенорд веќе беше под лупата на УЕФА поради вандалското однесување на нивните навивачи во Рим минатата недела, речиси е сигурно дека холандскиот тим ќе добие многу остра суспензија. Италијанските медиуми одат до таму дека е можно Феенорд да биде исфрлен од европските натпреварувања на неколку години.

Што се случуваше вчера низ улиците и стадионот во Ротердам:

27 февруари 2015 - 10:24