На Барселона и Манчестер Јунајтед им се стемни на ждрепката за Лига Европа

Она што слободно можеме дека кажеме дека го личи да биде големо и убаво финале во второто по ранг клупско европско натпреварување, ждрепката сакаше да биде плејоф рунда за осминафиналната пресметка.

После мега битките Ливерпул - Реал Мадрид и ПСЖ - Баерн во ЛШ, немилосрдна беше ждрепката и во Лига Европа.

Плејоф пресметките за осминафиналната фаза ќе го одбележи супер интересното мега соочување меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед кои заедно тежат 8 трофеи во ЛШ.

Плејоф дуели за осминафинале:

Барселона - Манчестер Јунајтед
Јувентус - Нант
Спортинг - Митјиланд
Шахтјор Доњецк - Рен
Ајакс - Унион Берлин
Баер Леверкузен - Монако
Севиља - ПСВ
Салцбург - Рома

Првите плејоф дуели се играат на 16, а реваншите се на 23 февруари.  

Потоа на 24 февруари следува ждрепка за осминафинале, а таму се директно пласирани победниците на осумте групи: Арсенал, Фенербахче, Бетис, Ројал Унион, Реал Сосиедад, Феенорд, Фрајбург и Ференцварош.

Финалето е закажано на 31 мај на Пушкаш арената во Будимпешта.

Две мега пресметки во осминафинале, Елмас со Наполи доби германски противник по мерка

7 ноември 2022 - 13:20