На Абрамович му прават нова јахта, 145 метри долга, 430 милиони скапа

Сопственикот на Челси, рускиот магнат Роман Абрамович наскоро ќе заплови со нов дворец на вода каков што досега не е виден во светските води. На некои од неговите претходни јахти летувале само Лампард, Дрогба, Тери и Шевченко. Џон и Френки раскажале за рајот кој го проживеале таму.

Јахтата која е веќе изготвена се наоѓа во бродоградилиштето Лојд Верфт (Lloyd Werft) во германскиот град Бремерхафен. Во ова бродоградилиште во 2010-та година за Абрамович била конструирана 115-метарската експедициска јахта Luna која Роман му ја продал подоцна на Фархад Ахмедов.

Газдата на трофејниот Челси исто така ја поседува и 162,5-метарската јахта Eclipse која важела за право чудо во областа на бродоградењето.

Новата јахта Solaris на Абрамович ќе биде 145 метри долга и е експедициско моторно пловило со конвексен челичен корпус. Русинот веќе поседувал најмалку 5 суперјахти, а најновата, Solaris ќе биде втора по големина од сите кои ги поседувал.

ЦЕЛ ЕДЕН ГРАД НА НЕА, КОМОТНА ЗА ЛУКСУЗЕН ЖИВОТ

На новата јахта на рускиот магнат ќе има:

- 8 палуби, лифт, тренажна сала, писта за хеликоптер, џакузи, базен, хангар за хеликоптери, гаража за придружни бродови и чамци.

- 48 кабини во кои ќе може да се сместат до 36 патници и екипаж од 60 луѓе.

- На јахтата ќе има и два хеликоптери Airbus ACH145, регистрирани под имињата M-Solo & M-Sola.

- Анти папараци ласери.

Неговата претходна јахта Eclipse била опремена со противракетен систем, стакло отпорно на куршуми и оклоп околу кабината на Абрамович. Не се знае дали ќе има вакво нешто и на новата јахта.

„Ова ќе биде јахта на годината. Деталите се држени во строга тајна, но таа ќе стане прекрасно дополнение за сопственикот. За да ви ја доловиме претставата за размерите на јахтата Solaris, бродоградилиштето во кое таа се гради е поголема и повисока од Бакингемската палата“, вели извор на таблоидот The Sun.

„Соларис ќе биде најголемиот и најексклузивниот 'експлорер' на вода. Други такви јахти со таква поддршка нема и не знам во скоро време дали ќе се појават. Дури и кралските семејства на Блискиот Исток немаат такви“, рекол во интервју за Forbes основачот на Yacht Harbour Дмитриј Семенихин.

 Јахтата според некои проценки би можела да чини од 250-300 милиони долари, но последните информации говорат дека крајната сума ќе се приближи до 450 милиони евра.

Дејли Мејл пишува дека јахтата би можела да чини до 430 милиони фунти.

ТЕРИ ЕДНАШ БИЛ НА ОДМОР НА ЈАХТА НА АБРАМОВИЧ И ИЗЈАВИЛ ДЕКА ТОА МУ БИЛО НАЈУБАВО ЛЕТУВАЊЕ ВО ЖИВОТОТ, ЛАМПАРД НЕ ВЕРУВАЛ ШТО ВИДЕЛ

Благодетите на некои од претходните супер јахти, низ годините ги почувствувале и фудбалери на Челси како Џон Тери, Френк Лампард, Дидие Дрогба и Андреј Шевченко.

Лампард раскажал како после титулата освоена во 2005-та, две недели летувал со семејството на јахтата Susurro (49,5 метри).

„Одевме од една во друга огромна соба. Се беше раскошно и прекрасно украсено. Не угостија со шампањ и не запознаа со вработените, 10 членови на екипажот и два шефа на кујната. Помислив дали навистина сум јас тука? Детето кое не стигна до прв тим на Вест Хем. Освоив титула, добив награда за играч на годината и сега летувам на Сусуро, една од најскапите јахти на светот? Дали си сериозен?“

Е сега, по зборовите на Лампард, видете ја споредбата на јахтите. Тој летувал и пловел со јахтата Сусуро:

Капитенот Џон Тери со жена му Тони исто така поминал одмор на една од јахтите на Абрамович, но тој на Pelorus (114 метри).

„На неговата јахта поминав неколку дена. Тоа не беше за меден месец, просто пред пар години не покани мене и сопругата да поминеме одмор таму. Јахтата е, навистина како што викаат, страшна.

Јас немам толку пари и нема шанси дека некогаш ќе имам. Тоа е друг живот. Но стварно е велелепна. Заедно со жена ми и пријателите цела недела поминавме на Средоземно море. Тоа беше најубава недела во мојот живот“.

Во 2011-та година Шевченко заедно со сопругата и со Абрамович летувале на Eclipse. Таа година милијардерот се сретнал и со Лука Модриќ на јахтата, со цел да го договори да потпише за Челси.