Меси го надмина Пеле

Со два гола во победата над Мајорка, Лионел Меси стигна го бројката од 76 погодоци во календарска година и го подобри успехот на Пеле од 1958-та година. Пред него е само уште Герд Милер со 85 голови.

Во 11-то коло од шпанската Примера, Барселона ја победи Мајорка со 2:4, а стрелец на два погодоци беше Лионел Меси. Оваа 2012-та година Меси веќе има постигнато 76 голови со што го надмина успехот на легендарниот Бразилец Пеле кој во 1958-та година постигнал 75.

Следен предизвик за Аргентинецот е рекордот на Герд Милер кој во дресот на Баерн Минхен во 1975-та година постигна 85 голови (12 од нив се постигнати во Купот на Германија).

Веќе е средина на ноември, па никој не се сомнева дека до крајот на годината тој ќе го сруши и рекордот на Милер.

12 ноември 2012 - 08:50