Меси - Естонија 5:0

Паралелно со натпреварите од Лига на нации, синоќа се одиграа и неколку пријателски. Лео Меси билдаше лична статистика и испишуваше историја против аутсајдерот Естонија.

110-та фудбалска земја на ранг листата на ФИФА, немаше начин како да го спречи еден од најдобрите играчите на сите времиња. 

Аргентина славеше на пријателскиот меч со 5:0, а Меси сам ја пукна петардата во 8` 45`, 47`, 71` и 76 минута.

Со оваа ретко видена реализација, тој за прв пат во кариерата стигна до пет репрезентативни голови на една средба. На клупски план тоа го има направено против Баер Леверкузен пред 10 години.

Со овие пет гола тој го помина легендарниот Ференц Пушкаш по број на голови за репрезентација и сега има 86. Пред него се Мохтар Дахари од Малезија со 89 гола, Али Даеи од Иран со 109, а прв е Кристијано Роналдо со 115.

Аргентинскиот ас е прв во историја со 1.100 (голови + асистенции)

6 јуни 2022 - 09:23