Меси да ви лежи под жив ѕид, дали сте арни вие?

Лионел Меси постигна фантастичен гол во негов стил на дербито ПСЖ - Манчестер Сити а овој дуел ќе го памети и по еден друг куриозитет.

Аргентинецот постојано се враќаше поназад во средниот ред, трчаше далеку повеќе од вообиачено во Барселона и често ѝ помагаше дури и на одбраната.

Многумина не обрнаа внимание дека во судиското продолжение Лео Меси не се срамеше ниту се двоумеше да легне зад живиот ѕид на неговиот соиграчи додека Ријад Марез се спремаше да изведе слободен удар.

Лежечкиот Лионел Меси предизвика бурна реакција, па така големиот Рио Фердинанд во студиото на BT Sport го нарече тоа неуважување кон Лео: „Во моментот кога Почетино побарал од него такво нешто на пример на тренинг, некој морал да стане и да каже: „Не, не не! Меси нема да го прави тоа“. Вие не може да направите нешто така непочитувачки, јас не би допуштил такво нешто. Да бев јас во екипата, ја би рекол: „Не, не! Јас ќе легнам место тебе“. Он не треба да си го валка дресот. Меси не е за тоа“, отворено рекол познатиот фајтер Рио Фердинанд.

Нејмар веќе се пошегува и на друштвените мрежи ја објави фотографијата на која Меси лежи под живиот ѕид, со коментар: „Што правиш тука“?

Инаку овој трик со лежење под жив ѕид за време на слободен удар, со цел да се оневозможи ривалот да проба да шутира под земја и да го изненади голманот, се верува дека е смислен токму за слободните удари на големиот Меси.

Имаше многу случаи каде противничките фудбалери „гребеа со нокти“ за да спасат гол при слободните на Меси.

Легнуваа за неговите шутеви:

Тоа на времето мајсторски го изведуваше Роналдињо:

Во 2018-та Марсело Брозовиќ на мечот Интер - Барселона го спречи Луис Суарез да даде таков гол по земја од слободен удар, а Меси се воодушеви и насмеа на реакцијата на Хрватот

29 септември 2021 - 11:27