Таг: слободен удар

Ако може Пранди, може и Наталија

Проектилот на Елохим Пранди во финалето на ЕП меѓу Франција и Шведска беше хит број на турнирот во Германија и една од најголемите реткости во ракометот. Го повтори чешката репрезентативка Наталија Кухова на квалификацискиот дуел за ЕП 2024 против Холандија.

Слободен удар од учебниците

Лоб удар, пласирана, сув лист? Жунињо? Михајловиќ? Што удар ќе беше ова за вака силно, моќно и совршено да изгледа и да заврши онаму каде што не се брани? Голманот беше само гледач и ништо повеќе. Инаку се работи за нисколигашот Мајами Јунајтед кој игра во полупрофесионална лига во САД.

Соиграч на Бензема да ви покаже како се изведува слободен удар

Не е Жота, Фабињо, ниту Бензема, туку извесен Салех Ал Амри кој импресионираше со начинот на кој ја свитка во гол од многу тешка позиција. Ал Итихад славеше против Сепахан со 2:1 во азиската ЛШ за пласман во нокаут фазата.

Како тоа 15 души го чуваат голот на слободен удар?

Едниве имаат 15 голмани, ама другиве го имаат Дибала.

Кога ќе ти успее слободен удар со другарите, никогаш виден во професионален фудбал

Премиер Лига, Бундес, Серија А, Ла Лига, Лига на шампиони, Светско, Европско. Никој, никаде и никогаш не искомбинирал вакво нешто од прекин. Погледнете ја радоста на цел тим. Прајслес.

Фората е ваков слободен удар да изрежираш

Аргентина не е само Бока и Ривер. Погледнете како Баракас Централ го реши Колон де Санта Фе со 2:1, со слободен удар кој заврши на нетипичен спектакуларен и велемајсторски начин. Тренерот одлепи од радост.

Погледнете го левакот Виктор како изведе слободен удар со десна од 35 метри

Додека синоќа се биеја плејоф битки за пласман во ЛШ, 20 годишниот Виктор Линд се кандидираше за гол на сезоната во Шведска. И да, дечкото е левак, а погледнете го што изведе со десна за својот Норкопинг кој славеше против АИК со 3:1.

Јапонска вештина од слободен удар за заборав

Генијалната комбинација од слободен удар се случува на натпревар помеѓу две академии, јапонска против онаа на Нордсјеланд од Данска. Има голем потенцијал да се рашири низ цел свет.

Хулк пак одлепи со левицата

Не помина една недела откако испука две бомби, 36 годишниот ветеран, познат по тоа што има катапулт во ногата, распали против Крузеиро и му донесе бод на Атлетико Минеиро. Од ваква позиција другите обично нафрлуваат.

Слободен удар од аут во пакистанска женска верзија

На мечот Пакистан vs Саудиска Арабија, извесна Марија Кан не му ја мислеше многу, па и од позиција и која ни Жунињо не би умеел.

Јапонски начин на изведување слободен удар кој не е за повторување

Нема потреба друг пат дечки, чувајте си го имиџот од Светско. Ако не се лажеме ова се вика „Јанино, Јанино“ , маалска игра која ја игравме како деца.

Нема потреба да се расправате, баш супер ви излезе слободниот

Џани Алиоски синоќа го преседе на клупа гостувањето на Фенербахче против Коњаспор. Неговите загубија 1:0, а во еден момент ги збунија домаќините, тоест сами себе се збунија.

Алаба мајсторе, слободните во Реал од сега се само твои

Бранителот на титулата во Шпанија се помачи во првото коло од новата сезона на гостувањето против Алмерија. Губеа 1:0 по само 6 минути игра, а Анчелоти почна без Модриќ, Каземиро, Алаба. Им ја свртија во второ, благодарение на евроголот на стоперот на Австрија кој погоди само 28 секунди откако влезе во игра.

Него женскиот фудбал е во криза

Само два дена по епскиот хет-трик од автоголови, дело на репрезентативка на Нов Зеланд, налетуваме на ваков слободен удар. Ќе си пукнеме од мака што нема никогаш да дознаеме што ќе се случеше ако шутнеше и трет пат.

Михајловиќ и Жунињо да мижат

Па кога ќе заврши ударот нека отворат очи.

Ова влегува во гол, а ти лежи до сабајле ако сакаш

Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога против Свиндон во ФА Купот, кој го совлада на гости со 1:4. Мајсторијата на мечот ја има Илкај Гундоган кој покажа дека џабе е и стоење и лежење на жив ѕид. 

Слободниот удар за 2021-ва ни доаѓа од Индија

Мајсторот се вика Грег Стјуарт, а во септември годинава направи трансфер од Ренџерс во Џамшедпур. Од кај го извади бе фелшов младичу?

Најголемата измама од слободен удар се случи во Германија, од скоро пола терен

Хановер не помина добро викендов и загуби дома од Вердер 1:4. Ако ништо друго, барем дадоа гол за кој сите зборуваат, а тоа е дело на Себастијан Керк.

Меси да ви лежи под жив ѕид, дали сте арни вие?

Лионел Меси постигна фантастичен гол во негов стил на дербито ПСЖ - Манчестер Сити а овој дуел ќе го памети и по еден друг куриозитет.

Слободен удар на пакистански начин

Михајловиќ, Жунињо, Бекам, Роберто Карлос, тие со нивниот мајсторлук го држат европскиот фудбал и уште им нема замена. За Азија си има друг човек и тој обично не ги изведува од центар, туку од Ѓорче.

Црна Гора и Азербејџан ја разубавија спортската среда

Покрај историската вечер на Кристијано Роналдо, од квалификациската мундијалска ноќ издвојуваме и две голчишта за почит. Можеби на Азербејџан е поатрактивен, но на Црна Гора е позначаен бидејќи падна во 97-ма и вреди бод.