Мајсторот кој ќе им се фали на внуците дека давал голови против Ливерпул и Милан

Милан Павков е роден под среќна ѕвезда. Човекот веќе неколку години постојано е резервна варијанта во Црвена звезда. Ретко игра. Имал богати понуди од Кина, ама решил да остане на Маракана, макар седел и на клупа за резерви. Ќе остане запаметен како еден од ретките кој дал голови против 7-кратниот европски првак Милан и 6-кратниот европски првак Ливерпул.

Головите на Павков со кои Звезда го урна големиот Ливерпул (2:0) во сезона кога „црвените“ станаа европски шампиони:

Голот против Милан во судиско продолжение за 2:2 во Лига Европа:

Сезонава Милан Павков (роден на 9 февруари 1994-та во Нови Сад) има само 3 натпревари како стартер и 3 гола во првенството на Србија, два од нив биле победнички а еден во 91-ва минута.

ОД ОТПИШАН ЏОКЕР, НАРЕКУВАН ШПЕРПЛОЧА ДО НАЈГОЛЕМ ХЕРОЈ НА ЅВЕЗДА